Соопштение од 231-та седница на Судски буџетски совет - 25.07.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 231-та седница на Судски буџетски совет - 25.07.2024 година

Соопштенија за јавност  |  25.7.2024

 

СООПШТЕНИЕ
 
 
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 231-та седница одржана на ден 25.07.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет:
 
1. Усвои  Записник од 223 седница одржана на ден 04.03.2024 година, Записник од 226 седница одржана на ден 26.03.2024 година, Записник од 227 седница одржана на ден 19.04.2024 година и Записник од 230 седница одржана на ден 27.06.2024 година, а за Записник од 228 седница одржана на ден 25.04.2024 година и за Записник од 229 седница одржана на ден 28.05.2024 година донесе заклучок дека присутните членови на седниците се согласуваат со содржината на записниците, од причина што од присутните шест членови на овие седници, колку што е потребно за усвојување на записникот, еден член поднесе оставка;
 
2. На укажување на претставникот на Министерството за финансии дека со Предлог измената на Буџетот за 2024 година  не се обезбедени средства за исплата на додатоци на плата:
 
- Усвои Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јули 2024 година за судиите и членовите на Судскиот совет на РСМ;
- Усвои Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јули 2024 година  за судските службеници;
 
3. Усвои Одлука за дополнителна распределба на средства од Буџетот на РСМ за 2024 година, раздел 29010 – Судска власт, за сметка 603/637, категорија 40-Плати и надоместоци, ставка 404-Надоместоци, согласно Буџетот за 2024 година, со која се обезбедуваат средства за исплата на регрес согласно Гранскиот колективен договор за органите на државната управа, стручните служби на Владата на РСМ, судовите, јавните обвинителства, казнено-поправните и воспитно-поправните установи, Државното правобранителство, општините, Градот Скопје и општините на Градот Скопје, агенциите, фондовите и другите органи основани од Собранието на РСМ за администрацијата и вработените лица согласно Закон за работни односи;
 
4. Даде согласност барањата од единките корисници на судската власт за вработување на определено време за 2024 година да се препратат до Минисерството за финансии за добивање согласност за обезбедени финансиски средства;
 
5. Разгледа Барање од Министерство за правда бр.08-609/1 од 05.02.2024 год за преземање професионални војници со навршени 45 години возраст и донесе заклучок дописот да се достави до судовите од чие подрачје има војници кои можат да се превземат во судовите и доколку судовите имаат потреба, да се започне постапка за превземање на војниците кои исполнуваат услови согласно закон. Дополнително да се достави барање до Министерството за одбрана да извести дали има војници кои навршуваат 45 години кои исполнуваат услови да бидат преземени во судовите кои имаат потреба од дополнителен број припадници на судска полиција;
 
6. Усвои Одлука за Измена на Годишната програма за капитални расходи од Буџет судска власт за 2024 година;
 
7.  Даде согласност на Барањe за вработувањe по основ на мобилност со преземање на судски службеник, без јавен оглас во Виш управен суд од Управен суд;
 
8.  Донесе Одлука  да не се склучува договор со ЈП „Службен весник на РСМ“ за годишна претплата на печатено издание за единките корисници на судска власт за 2024 година, со оглед дека за секој суд има обезбедено интернет пристап до електронската база податоци на ЈП Службен весник;
 
9. Разгледа  допис на ОС Свети Николе Су.бр.241/24 од 12.07.2024 година - решение за јубилејна награда на судски службеник и донесе одлука дека не се одобруваат средства по истото; 
 
10. Разгледа Барање од Судски совет бр.05-3/37 од 10.07.2024 година и 05-3/42 од 19.07.2024 година за зголемување на лимити за претплата за мобилни телефони определени со одлука на СБС бр.02-384/18 од 22.03.2016 година и донесе Одлука  за определување на лимит за користење на службени мобилни телефони на единките корисници;
 
11. Под точка  Разно:
 
Донесе заклучок Барањето за одобрување дополнителен буџет на ставка 424  на Управен суд да се разгледа по донесување на ребалансот на Буџетот за 2024 година, кога ќе треба да се донесе одлука за измена на распределбата на средствата од буџетот за категорија 42-Стоки и услуги;
 
Го разгледа Известувањето од ОС Гостивар за добивање на  донација од страна на Турската канцеларија за развој и соработка ТИКА која се однесува на реновирање на салата за состаноци во ОС Гостивар и набавка на информатичка опрема за потребите на судот;
 
Донесе заклучок Информацијата од Основен граѓански суд Скопје за исплатливоста на закупот на принтери и тонери да ја разгледа на наредна седница;
 
Во врска со барањата на Врховниот суд на РСМ Су.03бр.411/24 од 19.06.2024 година и од Основниот граѓански суд Скопје  дали да се поднесуваат жалби на правосилни пресуди за спорови од работен однос, СБС донесе заклучок  претседателот на секој суд да процени дали со продолжување на постапката ќе се предизвикаат дополнителни трошоци и дали е оправдано продолжувањето на постапката.