Соопштение од 495-та итна седница на Судскиот совет на РСМ - 16.08.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 495-та итна седница на Судскиот совет на РСМ - 16.08.2024 година
Njoftim për opinionin
|
16 Gsh 2024
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија на итната 495-та седница одржана на ден 16.08.2024 година (петок) одлучи за следното:
- Донесе Решение со кое е утврден престанок на судиската функција на Наке Георгиев, судија на Врховен суд на Република Северна Македонија, поради донесена правосилна пресуда на Основен кривичен суд Скопје I КОК ПП бр.274/24 од 15.08.2024 година врз основа на предлог - спогодба за кривично дело примање награда за противзаконито влијание од член 359 став 7 в.в. став 3 в.в.став 2 од Кривичниот законик со која е осуден на казна затвор во траење од 3 (три) години, а во изречената казна затвор му се засметува времето поминато во притвор од 20.05.2024 година до започнување со издржување на казната затвор и на судијата му престанува правото на плата.
- Судскиот совет на РСМ останувајќи на својата заложба за ажурно постапување и реагирање во случаи за кои има сомнеж за евентуално незаконито постапување, а во врска со последните актуелни случувања, односно постапувањето на Основниот кривичен суд Скопје, кои ја разбрануваа јавноста, формираше работна група во состав од членовите на Судскиот совет, и тоа:
- Александар Камбовски,
- Ханиф Зендели и
- Павлина Црвенковска
Комисијата е задолжена да ја констатира фактичката состојба и да изготви извештај кој веднаш да го достави до Советот, по кој Судскиот совет ќе расправа и одлучува.
Снимката од одржаната седницата во живо може да се отвори на следниот линк:
https://www.youtube.com/watch?v=ygyaj2lDIMw