Соопштение од 205-та ИТНА седница на Судски буџетски совет - 12.07.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 205-та ИТНА седница на Судски буџетски совет - 12.07.2023 година

Соопштенија за јавност  |  12.7.2023

 

 

СООПШТЕНИЕ

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 205-та ИТНА седница одржана на ден 12.07.2023 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет, најпрво го измени и дополни дневниот ред по што разгледа:

 

  1. Одговор од Министерството за финансии бр.08-4/296-1 од 11.07.2023 година и Одговор од Министерството за финансии бр.08-4/301-1 од 11.07.2023 година, во врска со барањата на СБС за пренамена на средства по донесена Одлука бр.02-663/11 од 26.06.2023 година и Одлука бр.02-663/13 од 26.06.2023 година за обезбедување додатоци на плата.

По разгледување на горенаведените одговори и даденото образложение од страна на претставникот од Министерството за финансии дека во буџетот на судската власт нема фискален простор за исплата на додатоци на плата за месец јуни, со објаснување дека согласно прописите од буџетското работење не треба да се преземаат обврски над лимитот од одобрените средства со буџетот, беше извршена дополнителна измена на дневниот ред, по што Судскиот буџетски совет усвои:

  1. Одлука за ставање вон сила на Одлука бр.02-733/7 од 07.07.2023 година;
  2. Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јуни 2023 година за судските службеници, вработените во ССРСМ и во Академијата за судии и јавни обвинители.

 

Членовите на Судскиот буџетски совет максимално се заложија да најдат начин согласно закон преку пренамена да обезбедат средства за исплата на додатоци на плата за вработените во судството, имајќи ја во предвид преоптовареноста во работењето на судската администрација, вработените во ССРСМ и Академијата за судии и јавни обвинители, нивните барања односно најавите за штрајк, како и фактот дека правото на додаток на плата е утврдено согласно важечките законски одредби.

 Меѓутоа, и покрај заложбите на членовите на Судскиот буџетски совет,  Министерството за финансии како надлежен орган не даде согласност за бараните пренамени со цел обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец јуни 2023-та година.