Соопштение од 503-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 503-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија

Njoftime, Risi, Njoftim për opinionin  |  24 Tet 2024

СООПШТЕНИЕ 

 

       Судскиот совет на Република Северна Македонија на 503-та седница одржана на ден 24.10.2024 година (четврток) го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:

  1. Го усвои Записникот од 499- та седница на Судскиот совет на РСМ од 19.09.2024 година, без забелешки;

 

  1. Утврди престанок на судиската функција на Марица Аврамчева Зафирова, судија на Основен суд Гевгелија, поради исполнување на услови за старосна пензија;

        -за ВД претседател на Основен суд Гевгелија е определена Маја Аврамова, судија на   Основен суд Гевгелија;

 

  1. Донесе Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Апелационен суд Гостивар и Основен суд Кратово;

     -Донесе заклучок за изземање од ждребање при формирање на Комисии по однос на објавени огласи  за избор на судии и претседатели на судови, како и Комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и тоа на членовите на Советот, Лорета Горгиева и Мирсад Суроји на кои наскоро им истекува мандатот поради истек на времето за кое се избрани;

    -Формирана е Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседатели на Апелационен суд Гостивар и Основен суд Кратово, во состав од:

-м-р Тања Чачарова Илиевска- претседател на Комисијата;

м-р Антоанета Димовска -член на Комисијата и

м-р Ивица Николовски -членови на Комисијата;

 

  1. Изврши избор на судии поротници на Основен граѓански суд Скопје и Основен суд Гевгелија, така што:

      -За судија поротник на Основен граѓански суд Скопје е избрана е Лидија Бошковска и

      -За судија поротник на Основен суд Гвгелија избрана е Викторија Најдеска;

 

  1. Одлучуваше по барања на судии за патни трошоци за превоз и донесени се одлуки, така што:

    -Се уважува барањето за надомест на трошоци на Ахмед Идризи, судија на Основен кривичен суд Скопје и му се утврдува право на надомест на трошоци за превоз како судија кој живее во една, а работи во друга општина се додека судијата ја извршува судиската функција во Основен кривичен суд Скопје, во висина на вистинските трошоци за превоз со превозно средство од јавен сообраќај, кое овозможува навремено пристигнување и заминување од работа на релација Гостивар -Скопје и обратно и

    -Се уважува барањето за надомест на трошоци на Драган Јаковлевски, судија на Основен суд Битола и му се утврдува право на надомест на трошоци за превоз како судија кој живее во една, а работи во друга општина се додека судијата ја извршува судиската функција во Основен суд Крушево, во висина на вистинските трошоци за превоз со превозно средство од јавен сообраќај, кое овозможува навремено    пристигнување и заминување од работа на релација Битола-Крушево и обратно;

 

  1. Формираше Комисии во врска со спроведување на вонредно оценување на кандидати по објавен оглас за избор на двајца членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите и на кандидати по објавени огласи за избор на претседатели на Апелационн суд Битола, Основен суд Гевгелија, Основен суд Кочани и Основен суд Струмица и тоа;

        ---Комисија за оценување на работата на претседател на Апелационен суд Штип, судии на   Апелационен суд Скопје и на Апелационен суд Штип, судии и претседател на Основен суд Штип, судии на Апелационен суд Битола, судии на Основен суд Гевгелија, Основен суд Кочани и Основен суд Струмица, во состав од:

      - м-р Тања Чачарова Илиевска-претседател на Комисијата (член на Судскиот освет на РСМ;

      -Ханиф Зендели -член на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ) и

      -Исамедин Лимани - член на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ);

 

         ---Комисија за увид и оцена на претседател на Апелационен суд Штип и судии на Апелационен суд Битола, Апелационен суд Скопје и Апелационен суд Штип, во состав од :

-Јелица Крстевска-претседател на Комисијата (судија на Врховен суд на РСМ);

-Катерина Георгиевска-член на Комисијата (судија на Врховен суд на РСМ);

-Џемали Саити-член на Комисијата (судија на Врховен суд на РСМ);

-Сафет Кадрии-член на Комисијата (судија на Врховен суд на РСМ) и

- Шпенд Деваја-член на Комисијата (судија на Врховен суд на РСМ);

 

          ---Комисија за увид и оцена на претседател на Основен суд Штип, во состав од :

-Светлана Јованова -претседател на Комисијата (судија на Апелационен суд Штип);

-Ѓорѓи Андонов-член на Комисијата (судија на Апелационен суд Штип);

-Весна Димитриевска Накова-член на Комисијата (судија на Апелационен суд Штип);

-Тодор Поп Панев-член на Комисијата (судија на Апелационен суд Штип) и

-Данка Ристова-член на Комисијата (судија на Апелационен суд Штип);

 

          ---Комисија за увид и оцена на судии на Основен суд Гевгелија, во состав од:

-Ќенанзија Мехмед -претседател на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје);

-Роза Георгиева-член на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје);

-Анита Милошевска-член на Комисијата (судија на Апелационен суд Битола);

-Лилјана Ицкова -член на Комисијата (судија на Апелационен суд Гостивар) и

-Мирјанка Гоцевска Стефановска-член на Комисијата (судија на Апелационен суд Штип)

 

         ---Комисија за увид и оцена на судии на Основен суд Штип, Основен суд Кочани и Основен суд Струмица, во состав од :

-Тони Делев -претседател на Комисијата (претседател -судија на Апелационен суд Штип);

-Тодор Поп Панев- член на Комисијата (судија на Апелационен суд Штип);

-Никола Крстески-член на Комисијата (судија на Апелационен суд Битола);

-Емине Мурати -член на Комисијата (судија на Апелационен суд Гостивар) и

-Гордана Сајковска-член на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје);

 

  1. Расправаше по донесена одлука на Општа седница на Врховниот суд на РСМ, во врска со времено упатување на судија Катерина Тодорова од Основен суд Струмица за вршење на судиска функција во Основен суд Делчево и по дискусијата донесе одлука со која Катерина Тодорова, судија на Основен суд Струмица времено се упатува за вршење на судиската функција во Основниот суд Делчево, за период од една година од денот на упатувањето;


 

  1. Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиотсовет на Република Северна Македонија и тоа:

  • УПП бр.08-254/24, 292/24, 334/24;

  • УПП бр.08-303/24, 325/24, 331/24, 344/24;

  • УПП бр.08-301/24, 308/24, 332/24, 341/24;

  • УПП бр.08-10/24, 173/24, 238/24, 246/24, 294/24, 306/24;

  • УПП бр.08-337/24, 349/24;

  • УПП бр.08-135/24, 317/24, 330/24, 339/24;

  • УПП бр.08-291/24;

  • УПП бр.08-166/24, 316/24, 329/24;

  • УПП бр.08-279/24, 310/24, 328/24 и 343/24;


 

Претставката под УПП бр.08-229/24 е повлечена за наредна седница;

Претставката под УПП бр.08-317/24 е основана;


 

    9. По отворената расправа по предметната точка, истата е повлечена за наредна седница;


 

   10.Формираше Комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и


 

   11.Во врска со поднесено барање за номинација од Академијата за судии и јавни обвинители, по дискусијата на членовите на Советот е донесен заклучок да се извести Академијата, така што:

- се констатира повлекување на членот на Судскиот совет на РСМ-судијата м-р Антоанета Димовска од заменик член во Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители;

-за член на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители номиниран е Ханиф Зендели -член на Судскиот совет на РСМ, а за негов заменик номиниран е Тодор Поп Панев-судија на Апелационен суд Штип и

-за член на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители номинирана е м-р Антоанета Димовска -член на Судскиот совет на РСМ, а за нејзин заменик номинирана е Емељ Кранли Али, судија на Основен суд Ресен;

-По поднесено барање од Петранка Ташева, судија на Апелационен суд Скопје за престанок на правото за надомест на трошоци поради промена на околности донесено е решение со кое и престанува правото за надомест на трошоци за одвоен живот од семејството кое претходно и е признато со решение на Судскиот совет на РСМ и

-Донесена е одлука со која се усвојува дополнувањето на Годишниот план за јавни набваки на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година.


Снимката од одржаната седница во живо може да се отвори на следниот линк:


 https://www.youtube.com/watch?v=92Gk7wJ2EPw