Тркалезна маса „Унифицирана судска пракса - гарант за правната сигурност“
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Тркалезна маса „Унифицирана судска пракса - гарант за правната сигурност“
Тркалезна маса „Унифицирана судска пракса - гарант за правната сигурност“
Имајќи ја во предвид заложбата на Судскиот совет на Републиа Северна Македонија за соработка со Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството, претседателката на Судскиот совет на РСМ Весна Дамева присуствуваше на Тркалезната маса со тема „Унифицирана судска пракса- гарант за правната сигурност“.
Основни темели на принципот на владеење на правото се правната сигурност и правната предвидливост, а унифицираната судска пракса е токму гарант за правната сигурност.
Во насока на унапредување на унифицираноста на судската пракса беше презентиран Документ и препораки за унапредување на унифицираноста на судската пракса како гаран на правната сигурност, па од препораките и дискусиите произлезе потреба да во наредниот период се преземат активности со цел да се постигнат резултати во делот на правната сигурност и правната предвидливост кое е во интерес на граѓаните.