Соопштение од 483-та седница на Судскиот совет на РСМ - 01.04.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 483-та седница на Судскиот совет на РСМ - 01.04.2024 година

Njoftim për opinionin  |  1 Pri 2024

 

 

 

 

СООПШТЕНИЕ
 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 483-та седница одржана на ден 01.04.2024 година го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното:

  1. Усвоен е записникот од 480-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 29.02.2024 година;
  1. Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Основен суд Радовиш и Основен суд Струмица;

По донесената одлука Формирана е Комисија за проверка за исполнетост за условите и критериумите за избор на претседател на суд, во состав од:

  • м-р Селим Адеми – претседател на Комисијата,
  • м-р Ивица Николовски – член на Комисијата,
  • Мирсад Суроји – член на Комисијата;

 

  1. Утврден е престанок на функцијата судија поротник на Основен суд Радовиш на Кристијан Стефчев, по сопстевно барање и на судија поротник на Основен кривичен суд Скопје  на Мара Данилова поради навршени 60 години старост, со оглед дека Советот констатира дека се работи  за итна и неодложна работа;
  2. Донесена  е одлука со која за судии поротници на Основен суд Радовиш избрани се Емилија Дукоска Илиевски и Зујце Ангеловска со оглед дека Советот констатира дека  се работи за итна и неодложна работа;
  3. Усвоен е Приговорот од судија поднесен против Годишниот распоред за изменување и дополнување на Годишниот распоред за работа на Управен суд за 2024 година;
  4. Извештајот на Комисијата за рангирање на кандидати за избор на судии на Врховен суд на РСМ е повлечен за наредна седница;

 

   Усвоен е Извештајот на Комисијата за рангирање на кандидати за избор на судии  на       Апелационен суд Штип, во делот на спорните пријави на кандидатите за избор на судии на     Апелационен суд Штип;

7.Одлучено е по известувања за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, така што Советот одлучи за следното:

-Постапката по пет барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд  да продолжи, при што Советот донесе Заклучок дека постапката по едно барање се смета за итна и неодложна и по истата да се превземаат дејствија и во периодот на претседателски и парламентарни избори;

-Постапката по едно барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд ја запре;

- По едно барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд, се констатира повлекување на истото поради повлекување од страна на подносителот на барањето;

- Донесувањето на одлука по известување на Комисијата на известители по едно барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд е одложено за наредна седница и

8.Формирана е комисија на известители по поднесено барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.