Соопштение од 440-та ИТНА нејавна седница на Судскиот совет на РСМ - 04.05.2023 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 440-та ИТНА нејавна седница на Судскиот совет на РСМ - 04.05.2023 година
Соопштенија за јавност
|
04.5.2023
СООПШТЕНИЕ
Oд 440-та итна нејавна седница-04.05.2023 година-13:30 часот
Судскиот совет на Република Северна Македонија по барање за свикување на итна нејавна седница согласно чл.38 ст.3 од Законот за Судскиот совет на РСМ, на 04.05.2023 година (четврток) во 13.30 часот ја одржа 440-та итна нејавна седница на која едногласно беше донесена одлука за исклучување на јавноста согласно чл.39 ст.2 од Законот за Судскиот совет на РСМ, по што донесе одлука со која се става вон сила решението на Судскиот совет на РСМ бр.02-901/1 од 26.04.2023 година со кое Весна Дамева се разрешува од функцијата претседател на Судскиот совет на РСМ, сметано од 26.04.2023 година.