Соопштение од 498-та седница на Судскиот совет на РСМ - 10.09.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 498-та седница на Судскиот совет на РСМ - 10.09.2024 година

Press realeses  |  Sep 10, 2024

 

                                                   

 

                                              СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на Република Северна Македонија на 498-та седница одржана на ден 10.09.2024 година (вторник) одлучи за следното:

1.Koнстатира престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија:

  • на Славица Андреевска, судија на Основен кривичен суд Скопје и
  • на Борис Бержецки, судија на Основен суд Струмица:
  1. Констатира престанок на мандат на Сашко Георгиев,  член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, поради истек на времето за кое е избран;

3.Донесе одлука со која Катерина Тодорова, судија на Основен суд Струмица времено се упатува за вршење на судиската функција во Основниот суд Делчево, сметано од 11.09.2024 година,  за период од 1 (една) година од денот на упатувањето.

4.Расправаше и донесе одлуки по известувањата на Комисиите за утврдена фактичка состојба по поднесени барања  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд, и тоа по едно барање донесена е одлука за запирање на постапката, а по едно барање донесена е одлука постапката да продолжи;

-Донесена е Одлука за измена на член на Комисија на известители по поднесено барање за одговорност на судија/претседател на суд;

5.Формира комисии на известители по поднесени барања  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд

  • Донесена е Одлука за измена на член на Комисија на известители по поднесено барање за одговорност на судија/претседател на суд

6. Ја разгледа можноста за склучување  на Договор во врска со обезбедување на техничка подршка и тестирање (психолошки тест и тест за интегритет), како и обработка на податоците од спроведеното тестирање за избор на судија и избор на претседател на суд  со цел продолжување на постапката за избор на судии и претседатели на судови и по дискусиите донесе Одлука да се склучи договор со ВИСТА ГРУП ДООЕЛ  и да се задолжи Претседателот на Советот да го потпише таквиот договор.