Средба на претседателката Дамева со Амбасадорот Рокас [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба на претседателката Дамева со Амбасадорот Рокас

Evenimente, Risi, Njoftim për opinionin  |  13 Nën 2024

Средба на претседателката Дамева со Амбасадорот Рокас

 

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева денес оствари средба со Амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија Михалис Рокас, придружуван од заменик амбасадорот на Делегацијата на ЕУ.

 

За време на средбата се разговараше на повеќе теми поврзани со унапредувањето на владеењето на правото, реформите во судскиот систем, борбата против корупцијата, стратегијата за управувањето со човечките ресурси и поддршката од ЕУ во процесот на приближување на Северна Македонија кон членството во ЕУ.

 

Особено внимание беше посветено на Извештајот на Оценската мисија на ЕУ за функционирањето на Судскиот совет од 2023 година, како и на Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија и Реформската агенда во рамките на Планот за раст за Западниот Балкан од 2024 година.

 

Претседателката Дамева го истакна значењето на континуираната поддршка од страна на ЕУ во зајакнувањето на независноста и ефикасноста на правосудните институции и се заблагодари за поддршката која Судскиот совет ја добива преку Проектот на ЕУ за поддршка на владеењето на правото.

 

Амбасадорот Рокас го поздрави напредокот на Судскиот совет постигнат во изминатата година, ги реафирмираше заложбите на ЕУ за зајакнување на судскиот сектор и ја нагласи потребата од доследна примена на европските стандарди и препораки. Тој ја истакна важноста на конструктивниот дијалог и соработката помеѓу правосудните органи и другите засегнати институции во државата.

 

На средбата беше нагласена потребата од континуирано спроведување на препораките од Извештајот на Оценската мисија на ЕУ. Претседателката Дамева информираше за предизвиците и досегашниот напредок преку активностите на Судскиот совет насочени кон имплементацијата на ЕУ препораките и ги потврди заложбите за понатамошно подобрување на состојбата.

 

На крајот од средбата, претседателката Дамева и амбасадорот Рокас изразија подготвеност за продлабочување на соработката во насока на постигнување на заедничките цели за реформиран, независен, транспарентен и ефикасен судски систем, кој ќе биде во служба на граѓаните и во согласност со европските вредности.