Работна средба на претседателката [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Работна средба на претседателката

Соопштенија за јавност  |  28.11.2024

 

 

Претседателката на Судскиот буџетски совет, Весна Дамева одржа работна средба со членовите на Судскиот буџетски совет, на која присуствуваа и заменик претседателот на Судскиот совет и претседателот на Здружението на судии

Целта на одржување на работната средба е поради состојбата во која се наоѓа судската власт во моментов поради недостаток на судии, судски службеници и други вработени во судовите, како и недостаток на доволно финансиски средства за нормално функционирање на судовите, кое е директно на штета на граѓаните.

Значењето од обезбедување на финансиска независност е огромно и потребата државата да дозволи судската власт да управува и раководи со сопствениот буџет кој треба да биде во процент утврден според законот е неопходно, со цел на граѓаните да им се овозможи брза и ефикасна правда, која ја заслужуваат, а сите три власти се должни да им ја обезбедат.  

Имајќи ја во предвид потребата од преземање на чекори во насока на независно финансирање на судската власт, на средбата беа истакнати конструктивни предлози кои во наредниот период ќе бидат имплементирани, се со цел да се обезбеди финансиска независност и самостојност која е тесно поврзана со независноста и самостојноста на судството вооопшто.

Заедничките заложби на Судскиот совет и Судскиот буџетски совет, заедно со претседателите на судовите, судиите и Здружението на судии, за подобрување на состојбата во судството, преку отворени дискусии и тесна соработка е од исклучително значење и во наредниот период очекувани се резултатите во врска со активностите кои континуирано се преземаат.

            Претседателката Дамева упатува благодарност за заложбите на претседателите на судовите и судиите кои при работните средби кои се одржуваат во судовите, судиите се особено конструктивни и ги истакнуваат детектираните слабости кои се одразуваат врз нормалното функционирање на судовите со предлози како истите да бидат надминати, кои беа земени во предвид и на денешната одржана работна средба.

            Во наредниот период ќе продолжат средбите во останатите судови и покрај тоа што ноторни се фактите дека судската власт се соочува со недостаток на човечки ресурси и финансиски средства, а истото генерално е причината поради која судството се смета за неажурно, бидејќи гласот на секој судија е значен и почитуван, се со единствена цел, граѓаните да добијат поефикасна и побрза правда.