Соопштение од 238-та седница на Судски буџетски совет - 21.11.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 238-та седница на Судски буџетски совет - 21.11.2024 година

Соопштенија за јавност  |  21.11.2024

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 238-та седница одржана на ден 21.11.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет:

  1. Разгледа допис од Министерство за правда бр.08-839/5 од 08.11.2024 година во врска со Предлог на Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за изгледот и условите под кои се носи судиската облека (тога), по што беше усвоен заклучок дека СБС дава согласност за Предлог измената на Правилникот и да го извести Министерството за правда дека фискалните импликации за набавка на тоги паѓат на терет на Судскиот буџетски совет и истите би биле во износ од  најмалку 2.000.000 денари;
  2. Усвои Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец ноември 2024 година  во висина од 10% за судските службеници;

Усвои Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец ноември 2024 година во висина од 5% за судиите и членовите на Судскиот совет на РСМ;

  1.  Усвои Одлука за измена и дополна на распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2024 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за буџетска сметка  603/637; и

Одлука за измена и дополна на распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2024 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметка на сопствени приходи 631;

Во врска со точката беше усвоен и заклучок СБС да побара од единките корисници да достават известување за потребните средства до крајот на годината и да известат за евентуални кусоци/вишоци на средства за да може доколку има потреба повторно да се направи измена на распределбата на средствата од судскиот буџет;

  1. Разгледа Информација во врска со барања од судови за корекција на табела за распределба на дополнителни вработувања по основ на пензионирања во 2025 година, по што беше усвоен заклучок да се изврши корекција на усвоената распределба на 65-те вработувања за 2025-та за начин што бројот на распределени нови вработувања за Основниот кривичен суд Скопје од 13 се намалува на 12, а за Основниот суд Штип се распределува едно ново вработување;

Во рамки на расправата членовите на Советот се согласија да одржат работен состанок во врска со ситуацијата и проблемите со недоволниот број на нови  вработувања во судовите  2025 година како и во врска со негативните согласности за обезбедени финансиски средства за реализација на Планот за вработување во судската власт за 2024 година ;

  1. Разгледа Информација за одобрување на плаќање за Femida опрема за аудио и аудио визуелно снимање за неколку судови, по што усвои заклучок да се одобри плаќање за Femida опремата за аудио и аудио визуелно снимање за Врховен суд, Основен кривичен суд Скопје и Основен граѓански суд Скопје;
  2. Разгледа Барање од Судски совет на РСМ за одобрување на дополнителни средства за набавка на опрема за снимање и гласање во сала за седници, по што усвои заклучок дека се одобруваат дополнителни средства на Судски совет на РСМ во износ од 565.000,00 денари за набавка на опрема за снимање и гласање во салата за седници и за истото да се изготви Решение за измена на Решение за обезбедување на средства за капитални расходи за 2024 година на Судски совет на РСМ;
  3. Разгледа Информација за доставата на судски писмена во судовите, по што усвои заклучок со кој што се задолжува Државниот советник за судски буџет да испрати циркуларно писмо до судските администратори и да организира средба со нив во врска со податоците од направената анализа за достава на судски писмена во судовите;
  4. Разгледа барање од ОС Радовиш Су.бр.633/24 од 15.11.2024 година за вработување на сметководител на определено време, по што усвои заклучок Претседателот на Апелациониот суд Штип да направи распоред на судовите од неговото подрачје кои месечно ќе ги вршат сметководствените работи за Основниот суд Радовиш, до враќање на службеничката;
  5. Разгледа Барање за обезбедување поединечна согласност на Годишниот план за вработување на Управниот суд за 2024 година, по што членовите на Советот се согласија ова барање да биде разгледано во рамки на планираниот работен состанок на кој ќе се дискутира за  ситуацијата и проблемите со бројот на вработувања во судовите за 2024 и 2025 година;
  6. Разгледа Барање од дактилографки вработени во ОС Куманово по што членовите на Советот се согласија ова барање да биде разгледано во рамки на планираниот работен состанок на кој ќе се дискутира за ситуацијата и проблемите со бројот на вработувања во судовите за 2024 и 2025 година;
  7. Под точка Разно:

- Разгледа Барање за дополнителни средства од Основен суд Штип по што усвои заклучок: Се одобруваат дополнителни средства на Основниот суд Штип во износ од 410.000 денари за реконструкција на сервер салата со пренамена на 300.000 денари од Вишиот управен суд - одобрени за изведба на пристап за лица со посебни потреби, 77.000 денари од Основниот суд Битола - остаток од реновирање на осветление и 33.000 денари од Основниот суд Кратово – остаток од изведба на громобранска инсталација и за истото да се изготват решенија за измена на решенијата за обезбедување на средства за капитални расходи за 2024 година на Основниот суд Штип, Вишиот управен суд, Основниот суд Битола и Основниот суд Кратово.

- Разгледа Барање за дополнителни средства од Основен граѓански суд Скопје, по што усвои заклучок: Се одобруваат дополнителни средства на Основниот граѓански суд Скопје во износ од 90.000 денари за набавка на надворешни USB DVD drive уреди и за истото да се изготви Решение за измена на Решение за обезбедување на средства за капитални расходи за 2024 година на Основниот граѓански суд Скопје;

- Дискутираше во врска со информација поврзана со Барање на Основен граѓански суд Скопје за обезбедување на средства за санација на плафон по што усвои заклучок барањето на Основен граѓански суд Скопје да се остави за наредната година доколку судот има намера да го реализира истото за тоа да се предвидат средства со идниот буџет.