Соопштение од 199-та седница на Судски буџетски совет - 10.04.2023 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 199-та седница на Судски буџетски совет - 10.04.2023 година
Соопштенија за јавност
|
10.4.2023
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 199-та седница одржана на ден 10.04.2023 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет:
- Ја разгледа реализацијата на Буџетот на РСМ за 2023 година за раздел 29010-Судска власт, категорија 40-Плати и надоместоци, по што усвои Одлука со која Одлуката за необезбедување на средства за исплата на додатоци за плата за месец март 2023 година бр.02-431/7 од 31.03.2023 година се става ВОН СИЛА само во делот на додатоци на плата за судските службеници и вработените во ССРСМ.
- Донесе Одлука за обезбедување на средства за исплата на додатоци на плата за месец март 2023 година за судските службеници, вработените во Судскиот совет на РСМ и вработените во Академијата за судии и јавни обвинители.
Донесените одлуки се врз основа на претходно направени дополнителни анализи од страна на Стручната служба на Судскиот буџетски совет и од Министерството за финансии во насока дека вака утврдено месечно барање за плата нема да биде повисоко од утврденото месечно право, односно лимит за плата.