Средба на Судскиот совет со експерти од Центарот за правосудна обука на Кралството Холандија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба на Судскиот совет со експерти од Центарот за правосудна обука на Кралството Холандија

Соопштенија за јавност  |  17.5.2023

 

Средба на Судскиот совет со експерти од Центарот за правосудна обука на Кралството Холандија

 

Во Судскиот совет на Република Северна Македонија на ден 16.05.2023 година одржана е средба помеѓу претставници на Советот- претседателот на Советот Сашко Георгиев, членовите на Советот Весна Дамева и Зоран Герасимовски со претставници на експерти од Центарот за правосудна обука на Кралството Холандија.

На средбата се разгледаа можностите за понатамошно унапредување на институционалните капацитети на Академијата за судии и јавни обвинители, како и на целокупниот правосуден систем преку реализација на заеднички активности помеѓу Академијата и Цантарот на Кралството Холандија, а како дел од проектните активности предвидени со потпишан Меморандум за соработка потпишан помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители и Центарот за правосудна обука на Кралството Холандија.

Од страна на Претседателот на Судскиот совет беше изразена благодарност за поддршката која Центарот за правосудна обука на Кралството Холандија ја дава во целокупниот правосуден систем во Република Северна Македонија во поглед на  ефикасност и квалитет на истиот.

                                                                 

 

Кабинет на претседател

на Судскиот совет на Република Северна Македонија