Завршна конференција на проектот „За правда – Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Завршна конференција на проектот „За правда – Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“

Соопштенија за јавност  |  26.6.2024

 

 

 

Завршна конференција на проектот „За правда – Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“

 

Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева беше панелист на Завршната конференција на проектот „За правда – Граѓанските организации за независно и ефикасно правосудство“,  финансиран од Фондацијата Отворено општество-Македонија, а во организација на Блупринт групата за реформи на правосудството на тема: Реформите во правосудството-што се случи со независноста и ефикасноста во правосудството.

Во своето обраќање претседателката ја истакна заложбата на Судскиот совет за соработка со Блуприн групата на граѓански организации за реформи во правосудството, која е од особено значење за реформскиот процес во правосудството, односно граѓанските организации да бидат вклучени во реформскиот процес и во следењето на работата во сите институции вклучително и во Судскиот совет.

Го истакна ставот по однос на независноста и ефикасноста во правосудството, како и причините за перцепција на јавноста, наведувајќи дека нема закон, начин или механизам кој може да гарантира апсолутна независност, гарант за тоа е самиот судија и само тој лично со неговиот однос, умешност, знаење, вештини, па и впечатокот кој го остава во судницата и со аргументацијата во образложението на одлуката.

Воедно, истакна дека и понатаму судската власт според тоа како се финасира, произлегува дека на некој начин „зависи“ од другите две власти, а сето тоа во јавноста ја поткопува вистинската независност во судството и придонесува кон перцепцијата дека судската власт не е независна од другите две власти.

Во врска со ефикасноста во судството наведе дека истата не е на завидно ниво, но тоа се должи особено на фактот дека има недостаток на судии и судски службеници во судовите како и имајќи го во предвид приливот на предмети.

Судскиот совет во наредниот период исправен е пред предизвикот да обезбеди независно и ефикасно судство бидејќи секој граѓанин заслужува правда, испорачана од независен и непристрасен суд, на ефикасен начин.