Соопштение од 239-та седница на Судски буџетски совет - 16.12.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 239-та седница на Судски буџетски совет - 16.12.2024 година
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 239-та седница одржана на ден 16.12.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет:
- Усвои Записник од 236 седница одржана на ден 25.10.2024 година и Записник од 237 итна седница одржана на ден 11.11.2024 година.
Записникот од 238 седница одржана на ден 21.11.2024 година да се корегира согласно дадени забелешки и повторно да се стави на разгледување на наредна седница;
- Усвои заклучок да се изврши корекција на Единствен Годишен план за вработување за 2025 година за судовите и Годишен план за вработување за 2025 година за Академија за судии и јавни обвинители на начин што од дополнителните три места произлезени по основ на пензионирања, а во согласност со заклучокот на СБС, две работни места се доделуваат на Врховниот суд на РСМ и едно работно место на ОС Тетово, од причини што во Единствениот годишен план за вработување доставени се дополнителни известувања од судовите за пезнионирање на вработени.
- Усвои Одлука за измена и дополна на распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2024 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за буџетска сметка 603/637, корегирана на начин што 65.000 денари се пренаменуваат од Основниот кривичен суд Скопје и се доделуваат на Врховниот суд заради исплата на фактура за електрична енергија;
Усвои Одлука за измена и дополна на распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2024 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметка на сопствени приходи 631;
- Разгледа Информација за одобрување на Буџет за категорија 48-Капитални расходи на единките корисници согласно Програма за капитални расходи од Буџет на судска власт за 2024 година и констатираше дека членовите на Советот се запознаени со истата;
- Разгледа Информација од одржан состанок со судските администратори во врска со доставата на судските писмена и констатираше дека членовите на Советот се запознаени со истата;
- Разгледа Барање произнесување од Државното правобранителство на РСМ за подрачјето на Гостивар по предметот П. Бр. 08-293-2024 од 27.11.2024 година поднесен од тужителот судија од АС Гостивар, по што усвои заклучоци:
Судскиот буџетски совет не е надлежен да постапува по конкретниот предмет, односно да се произнесе по конкретниот предмет и
Со оглед дека има многу тужби кои се покренати од судиите да се извести Министерството за финансии кои мерки понатаму да се преземат со започнатите постапки, а со цел да не се предизвикаат поголеми финансиски импликации за буџетот на РСМ.
7. Под точка Разно беше разгледано дополнително известување – анализа изготвена од стручната служба на СБС во врска со точката 3 од седницата, по што беше потврдена донесената Одлука за измена и дополна на распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2024 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за буџетска сметка 603/637 заедно со предлогот да се обезбедат 65.000 денари за исплата на фактура за електрична енергија за Врховниот суд на начин што тие средства ќе се пренаменат од Основниот кривичен суд Скопје. За истото да се извести Основниот кривичен суд Скопје.