Протоколарнa средбa на Претседателката Дамева со новоименуваниoт Амбасадор на Кралството Холандија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Протоколарнa средбa на Претседателката Дамева со новоименуваниoт Амбасадор на Кралството Холандија
Протоколарнa средбa на Претседателката Дамева со новоименуваната Амбасадорка на Кралството Холандија
Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева, оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Кралството Холандија Н.Е.Узлем Џанел.
За време на средбата, претседателката Дамева и Амбасадорката Џанел разговараа на низа теми, вклучувајќи ги реформите во судството, финансиската независност на судството, предизвиците со кои се соочува Судскиот совет, со особен осврт на реализираните активности од проектот Матра „ Поддршка на Судскиот освет“ финансиран од Кралството Холандија.
Претседателката Дамева ја изрази својата благодарност за континуираната поддршка и истакна дека од особено значење е Проекотот Матра и дека активностите од истиот придонесуваат за подобрување на условите и зајакнување на капацитетите во Судскиот совет.
На средбата беше заклучено дека соработката ќе продолжи, со цел успешно да се спроведат активностите кои имаат за цел да се забрза процесот на пристапување во ЕУ.