Соопштение од 448-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 448-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  05.7.2023

 

 

 

СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 448-та седница одржана на ден 05.07.2023 година го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното:

 

  1. Приговорот на кандидатот Лазар Нанев по објавени кандидатски листи за избор на членови на Советот од апелационо подрачје Скопје е уважен;
  2. Утврдени се кандидатски листи по објавен Оглас за избор на членови на Судскиот совет на РСМ и тоа за 1 (еден) член од редот на судиите од апелационо подрачје Скопје и 1 (еден) член од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ;
  3. Формирана е Комисија за спроведување на избор за членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите;
  4. Донесено е решение за спроведување за избор на членови на Судскиот совет на РСМ за 13.07.2023 година.