СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Njoftim për opinionin  |  4 Nën 2024

 

 

                                                     СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Со оглед дека изминатите денови во јавноста се презентирани негативни ставови во врска со номининација на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители од страна на Судскиот совет на Република Северна Македонија, кои не само што не кореспондираат со реалноста, туку и предизвикуваат перцепција дека Судскиот совет донел незаконита одлука, заради целосно запознавање на јавноста, на која сме должни да и ја презентираме вистината, информираме за следното: 

Судскиот совет на транспарентен и отчетен начин, на јавната седница одржана на 24.10.2024 година изврши номинација на членови на Управниот одбор во Академијата за судии и јавни обвинители од редот на судиите кои се членови на Судскиот совет. На седницата беа истакнати аргументи и дадено образложение кои се во насока на законитоста и оправданоста на таквата одлука, односно номинација, а истото беше сторено пред присутната јавност на седницата.

Во конкретниот случај, не може да се примени чл.44 ст.4 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, бидејќи членовите на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители се од редот на судиите и јавните обвинители, кои по закон се веќе претходно избрани и именувани лица, а во поткрепа на законитоста на одлуката на Советот е и досегашната пракса.

Неспорно е дека Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители одлучува по приговори на кандидатите во АСЈО, кои по завршување на Академијата ги избира Советот, но неспорно е и дека во постапката за избор учествува и Врховниот суд на Република Северна Македонија, кој одлучува по жалби на неизбраните кандидати кои завршиле Академија. Значи ли тоа дека во случајов е незаконита и номинацијата на судија од Врховниот суд за член на Управниот одбор во АСЈО поради судир на интереси?

За надминување на изнесените дилеми во јавноста, околу начинот и постапката за номинација, Судскиот совет веќе започна постапка за  изготвување на подзаконски акт, со кој ќе се регулираат условите и постапката за сите номинации кои се во надлежност на Советот.