Соопштение за јавност [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за јавност

Njoftim për opinionin  |  28 Nën 2024

     

 

                                                         СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

 

        Во врска со информациите пласирани во медиумите, кои се однесуваат на мандатот на претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, заради запознавање на јавноста со  вистинитоста на фактичката состојба и правните аспекти на ова прашање, ве информирам за следното:

    Мандатот на претседателот на Судскиот совет е во траење од 2 години, согласно член 8 став 2 од Законот за Судскиот совет и неспорен е фактот дека истиот беше прекинат во периодот од 26.04.2023 година до 03.01.2024 година.

   Навистина изненадуваат толкувањата за некакво продолжување на мандатот надвор од утврдениот законски период од 2 години, при постоење на неспорен факт дека при извршување на истиот, постои прекин.

    Јавноста има право да знае за секоја донесена одлука на Судскиот совет, но во конкретниот случај, ниту е донесена одлука, ниту постои основ за донесување на истата бидејќи по истекот на мандатот на претседателот на Советот како точка на дневен ред нема  законски основ да се стави престанок на мандат, туку само избор на нов претседател, кое се потврдува и од досегашното работење и постапување на Советот.

    Со оглед дека во два наврати беа донесени Одлуки за разрешување на претседателот на Советот, и тоа на 26.04.2023 година и на 04.05.2023 година, сметав за потребно само да се дефинира точниот датум до кога треба да ја извршувам функцијата во траење од 2 години. За правното  прашање околу времетраењето на мандатот, иако членовите на Советот имаа свој став, сепак беа консултирани и правни експерти и еминентни стручни лица од областа на правото, па само се потврди ставот на мнозинството дека мандатот треба фактички да се извршува 2 години.

     На јавноста и е добро познато дека функцијата претседател на Судскиот Совет фактички не ја извршував две години, па од почит према јавноста и Вас, новинарите сметав за потребно да известам за овие околности, пласирани од поединци, на кои очигледно им пречи претседавањето на Судскиот совет од моја страна. Ова особено од причина што во изминатиот период во Судскиот совет, по сите предмети се постапува брзо и ажурно, а Советот бележи исклучителни резултати во насока на подобрување на состојбата, со цел имплементација на препораките на Оценската мисија на ЕУ.

     Лично сметам дека на граѓаните воопшто не им е важно кој е претседател на Судскиот совет, кое е внатрешно, интерно прашање на Советот, но многу им е важно дали претседателот ја извршува својата работа совесно, стручно и согласно закон и дали се постапува навремено и законито во врска со иницираните предмети, претставки и барања за утврдување на одговорност.

    Судскиот совет останува на заложбата за транпарентност и отчетност и во таа насока доколку постојат дилеми кај јавноста,  е отворен да одговори на сите прашања поврзани со конкретниот случај.

 

                                                                                          Претседател на Судски совет на

                                                                     Република Северна Македонија

                                                                                   Весна Дамева