Соопштение за 236-та седница на Судски буџетски совет - 25.10.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 236-та седница на Судски буџетски совет - 25.10.2024 година
Press realeses
|
Oct 21, 2024
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет на ден 25.10.2024 година (петок) со почеток во 12:30 часот ќе ја одржи 236-та седница со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Записник од 232 итна седница одржана на ден 15.08.2024 година; усвојување на Записник од 233 седница одржана на ден 27.08.2024 година; усвојување на Записник од 234 седница одржана на ден 20.09.2024 година и усвојување на Записник од 235 седница одржана на ден 24.09.2024 година;
- Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец октомври 2024 година, со предлог одлука;
- Мислење на Министерство за финансии бр.08-9198/1 од 18.09.2024 година во врска со Единствен годишен план за вработување за 2025 година и предлог распределба на работни места за 2025 година;
- Одлука за измена и дополна на распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2024 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметка на сопствени приходи 631, со предлог одлука;
- Одлука за пренамена на средства за раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за буџетска сметка 603/637, со предлог одлука;
- Барања од единките корисници на судската власт за вработување на определено време во 2024 година;
- Барања за обезбедување на финансиски средства за вработување и унапредување во ОС Гевгелија од Независен синдикат на судска администрација на Македонија и Независен синдикат на државна администрација;
- Известување од Министерство за правда бр.08-839/3 од 30.09.2024 год во врска со измени на Правилникот за изгледот и условите под кои се носи судиската облека (тога);
- Барање од Основен граѓански суд Скопје за обезбедување на средства за санација на плафон;
- Разно.