Работна средба на претседателка на Судскиот совет на РСМ со координаторот на ТИКА во Скопје [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Работна средба на претседателка на Судскиот совет на РСМ со координаторот на ТИКА во Скопје

Соопштенија за јавност  |  07.6.2024

 

 

Работна средба  на претседателка на Судскиот совет на РСМ

со координаторот на ТИКА во Скопје

 

Претседателката на Судскиот совет на Република  Северна Македонија, Весна Дамева оствари работна средба со  координаторот на Турската агенција за соработка и координација - ТИКА во Скопје, г-дин Мехмет Бајрак.

 Од страна на претседателката Дамева беше изразена  искрена благодарност за заложбите, активностите и финансиската поддршка која ја обезбедува  Турската агенција ТИКА,   особено по информирањето дека е започнат процесот за обезбедување на финансиска помош за Основниот суд Гостивар кое е од особено значење, а за   кое начелно беше разговарано при посетата на Република Турција и пријателскиот прием на претседателката на Судскиот совет од страна на претседателот  на ТИКА, г-дин Серкан  Кајалар.

На средбата беше изразена обострана волја за продолжување и продлабочување на соработката, преку разгледување и реализација на проекти кои се од значење за Судскиот совет и судството во целина.