Соопштение од 236-та седница на Судски буџетски совет - 25.10.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 236-та седница на Судски буџетски совет - 25.10.2024 година

Соопштенија за јавност  |  25.10.2024

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 236-та седница одржана на ден 25.10.2024 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет изврши измена и дополна на дневниот ред, по што:

  1. Усвои: Записник од 232 итна седница одржана на ден 15.08.2024 година; Записник од 234 седница одржана на ден 20.09.2024 година и Записник од 235 седница одржана на ден 24.09.2024 година;

- пристуните членови на Советот од 233 седница одржана на ден 27.08.2024 година дадоа согласност за содржината на записникот од оваа седница;

  1. Усвои Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец октомври 2024 година  во висина од 10% за судските службеници;

Усвои Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец октомври 2024 година во висина од 5% за судиите и членовите на Судскиот совет на РСМ;

  1. Разгледа Мислење на Министерство за финансии бр.08-9198/1 од 18.09.2024 година во врска со Единствен годишен план за вработување за 2025 година, по што усвои предлог распределба на работни места за 2025 година;

Во рамки на точката, согласно заедничките дискусии на членовите на Советот беше усвоен заклучок по донесување на Буџетот на РСМ за 2025 година, веднаш да се бара согласност од Министерството за финансии по однос на вработувања на определено време, се до добивање на согласност за вработувања на неопределено време;

  1. Усвои Одлука за измена и дополна на распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2024 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметка на сопствени приходи 631 и

      Усвои Одлука за измена и дополна на распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2024 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметка 603/637;

      Во рамки на точката беше разгледано дополнително барање од Врховниот суд на Република Северна Македонија Су.05-571/24 од 25.10.2024 година доставено до Судскиот буџетски совет непосредно пред одржување на седницата, по што членовите на Советот се согласија истото да се разгледа на наредна седница, со цел сите членови на Советот да се запознаат со барањето пред да се пристапи кон одлучување;

  1. Предложената Одлука за пренамена на средства за раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за буџетска сметка 603/637 беше повлечена од дневниот ред за 236-та седница;
  2. Разгледа барања од единките корисници на судската власт за вработување на определено време во 2024 година, по што усвои заклучок: да се известат судовите за наводите од Министерството за финансии во врска со вработувањата на определено време за 2024 година;
  3. Разгледа барања за обезбедување на финансиски средства за вработување и унапредување во ОС Гевгелија од Независен синдикат на судска администрација на Македонија и Независен синдикат на државна администрација, по што усвои заклучок: да се извести Синдикатот дека Судскиот буџетски совет постапува само по барањата  на судовите при што Советот никогаш не го ограничувал  бројот на унапредувања и дека за состојбата со вработувања и унапредувања во ОС Гевгелија одговор треба да побараат од судот;
  4. Разгледа Известување од Министерство за правда бр.08-839/3 од 30.09.2024 год во врска со измени на Правилникот за изгледот и условите под кои се носи судиската облека (тога), по што усвои заклучоци: да се достави предлогот од Здружението на судии за промена на горенаведениот Правилник до Министерот за правда и

Се задолжува Претседателот на АС Штип да прибере информации и податоци за висината на ориентациона цена за предложениот состав на судиската облека (тога);

  1. Разгледа барање од Основен граѓански суд Скопје за обезбедување на средства за санација на плафон; по што членовите на Советот го задолжија Државниот советник за судски буџет да прибере дополнителни информации за барањето и истото повторно да се разгледува на наредна седница;
  2. Под точка Разно:

- разгледа барање за мислење за континуитет во работен стаж од АС Скопје, по што членовите на Советот се согласија ова правно прашање да биде разгледано на средба на четирите апелациони судови;

- разгледа допис од Основен граѓански суд Скопје за поднесени тужби од судии во врска со корекција на пресметка на плата за месец јануари 2023 година согласно износ на просечна плата за 2023 година, по што членовите на Советот констатираа дека не се надлежни да се впуштаат во коментирање на судски одлуки и тековни судски постапки;

- разгледа допис од ОС Битола во врска со опременост на судници со опрема за тонско снимање, по што беше усвоен заклучок: ВД Претседателот на АС Битола да му укаже на Претседателот на ОС Битола за потребата од изготвување на ефикасен распоред на користење на судниците опремени со опрема за тонско снимање, согласно расположливите можности со кој располага судот;

- дискутираше за високите трошоци за поштенски услуги, по што усвои заклучок: да се побараат информации од судовите за користење на електронска достава, како и податоци за бројот на достави во судовите кои се вршат преку пошта и преку судски доставувачи;

- разгледа барање од ОС Кичево за обезбедување на дополнитлени средства за реновирање на фасада поради непредвидени работи, по што усвои заклучок дека се одобруваат дополнителни средства на ОС Кичево во висина од 452.000 денари за завршување на активностите за реновирање на фасада и влезна партија и да се изготват решенија за измена на решенија за обезбедување на капитални расходи за 2024 година.