Соопштение од 508-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 508-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на РСМ на 508-та седница одржана на 17.12.2024 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:
1. Донесе одлука за престанок на судиска функција на Љубомир Ѓорѓевиќ, судија на Основен суд Куманово, поради исполнување на услови за старосна пензија;
2. Констатира престанок на мандатот на членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија и тоа:
- за Лорета Горгиева -поради истек на времето за кое е избрана, заклучно со 19.12.2024 година и
- за Мирсад Суроји-поради истек на времето за кое е избран, заклучно со 19.12.2024 година;
3. Донесе одлуки за престанок на функцијата судија поротник и тоа:
- на Ленче Здравкин, Наташа Милановска, Валентина Николова, Анита Николовска, Тамара Петровска и Велика Ѓелева, судии поротници на Основен суд Велес, поради истек на мандатот;
- на Катерина Николовска, Зоран Милошевски, Сузана Ѓорѓиевска, Убејд Селами, Весна Велјановска Миладинова и Огнен Бошњаковски, судии поротници на Основен граѓански суд Скопје поради истек на мандатот;
- на Анета Гркоска, Владимир Јованоски, Светлана Настеска, Слаџана Талески, Елена Шошеска, Андреа Стеваноска, Паце Кондоска, Билјана Јанкоска, Никола Јолески, Емилија Димеска, Владимир Ристески, Татјана Стојаноска, Далибор Димов, Елена Киселоски, Соња Казанџиска, Михаил Бакрачески, Михаела Јованоска, Давид Сотироски, Рубинчо Талески, Даниел Пешталески, Игор Бојчески и Цветенка Јованоска, судии поротници на Основен суд Прилеп, поради истек на мандатот.
- на Ефче Арсова-Нехтенина, Зорица Черкезова, Моника Паневска, Сања Петковска, Маја Роглева Тодоровска, Рајне Џамѓозова Смилкова, Дејанчо Тимовски, Тања Трајчова, Ристе Целакоски, Елизабета Бумбарова, Сузана Андонова, Валентина Ангелова, Игор Делов, Златко Стојанов, Анита Бојчова, Симона Манева Живкова, Вилијам Николоски, Адријана Георгиева, Ана Здравева, Светлана Попова, Бранкица Панаотова, Кристина Михајлова, Викторија Кукушев Зафирова, Марија Методиевска, Давид Митровиќ и Луција Кашуба, судии поротници на Основен суд Штип, поради истек на мандатот.
- Донесе одлуки за избор на судии поротници, така што:
- За судии поротници на Основен суд Битола се избрани:
Ивона Козарова, Илче Зулумовски, Валентина Калаба, Илија Василевски, Тања Китани, Ирена Пашоска, Весна Петровска, Филип Етмишовски;
- За судии поротници на Основен суд Велес се избрани:
Ленче Здравкин, Наташа Милановска, Валентина Николова, Анита Николовска, Тамара Петровска и Велика Ѓелева;
- За судии поротници на Основен граѓански суд Скопје се избрани: Ирма Арсовска, Зорица Смилеска, Сузана Ѓорѓиевска, Весна Симоновски, Катерина Николоска, Кристина Чанкуловска-Петрова, Милица Трајановска, Весна Велјановска-Миладинова и Максим Станчевски;
- За судии поротници на Основен суд Прилеп се избрани: Анета Гркоска Стојаноска, Владимир Јованоски, Елена Шошеска, Андреа Стеваноска, Паце Кондоска, Никола Јолески, Емилија Димеска, Елена Киселоски, Михаела Јованоска, Даниел Пашталески, Ивона Трајкоска, Љуљета Дојчиноска, Марија Недеска, Викторија Јовеска, Ангела Талеска, Суза Илиоска и Татјана Стојаноска;
4. Разгледана и усвоена е Програмата за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2025 година;
5.Разгледан и усвоен е Извештајот за вонредно оценување на кандидати за избор на претседатели на Апелационен суд Битола, Основен суд Гевгелија, Основен суд Кочани, Основен суд Струмица и Основен суд Кавадарци и оценети се следните судии:
-
- Жаклина Доведен –судија на Апелационен суд Битола - позитивна оцена;
- Анита Милошевска – судија на Апелационен суд Битола-позитивна оцвена;
- Маја Аврамова-судија на Основен суд Гевгелија-позитивна оцена;
- Билјана Делова Николова-судија на Оснопвен суд Гевгелија-позитивна оцена;
- Спиро Борисов- судија на Основен суд Кочани-позитивна оцена;
-Татјана Малинова-судија на Основен суд струмица-позитивна оцена и
-Елизабета Петковска-судија на Основен суд Кавадарци -позитивна оцена;
-
-
6.Разгледан е Извештај за проверка на навременост на пријавите и комплетност на документите по објавен оглас за избор на претседатели на Апелационен суд Гостивар и Основен суд Кратово, така што продолжува постапката за кандидатите за избор на претседатели и тоа за Беким Мехмеди за Апелационен суд Гостивар и за Мирослав Георгиевски и Ружица Здравковска за Основен суд Кратово;
- Формирана е Комисија при Судскиот совет за вонредно оценување на работата на кандидати за избор на претседатели на Апелационен суд Гостивар и Основен суд Кратово, во состав од;
-Џенета Бектовиќ-претседател на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ);
-м-р Александар Камбовски-член на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ) и
-м-р Тања Чачарова Илиевска-член на Комисијата (член на Судскиот совет на РСМ)
-Формирана е Комисија за увид и оцена на претседател-судија на Апелационен суд Гостивар, во состав од:
-Сафет Кадрии-претседател на Комисијата (судија на Врховен суд на РСМ);
-Јелица Крстевска-член на Комисијата (судија на Врховен суд на РСМ);
-Мирјана Лазарова Трајковска -член на Комисијата (судија на Врховен суд на РСМ);
-Владимир Стојаноски- член на Комисијата (судија на Врховен суд на РСМ) и
-Анита Бошковска- член на Комисијата (судија на Врховен суд на РСМ);
-Формирана е Комисија за увид и оцена на претседател на Основен суд Кратово, во состав од:
-Весна Димишкова-претседател на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје);
-Габриела Гајдова-член на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје);
Тања Милева -член на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје);
-Маја Маркова- член на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје) и
-Мери Дика-Георгиевска- член на Комисијата (претседател-судија на Апелационен суд Скопје);
-Формирана е Комисија за увид и оцена на судии на Основен суд Кратово, во состав од:
-Александра Ристеска -претседател на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје);
-Маја Маркова-член на Комисијата (судија на Апелационен суд Скопје);
-Анита Милошевска -член на Комисијата (судија на Апелационен суд Битола;
-Велко Страшевски- член на Комисијата (судија на Апелационен суд Гостивар) и
-Ѓорѓи Андонов- член на Комисијата (судија на Апелационен суд Штип);
7.Разгледан и усвоен е Извештајот за констатирана состојба по извршена работна посета на Виш управен суд;
8. Разгледани у усвоени се извештаите за работата на судовите за третиот квартал за 2024 година;
9. Разгледан и усвоен е Годишниот план за вработување во Судскиот совет на РСМ за 2025 година;
10.Формирани се комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и
11.Констатирано и прифатено е повлекувањето на Ханиф Зендели како член на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.