Соопштение од 488-та седница на Судскиот совет на РСМ - 29.05.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 488-та седница на Судскиот совет на РСМ - 29.05.2024 година

Press realeses  |  May 29, 2024

 

 

 

СООПШТЕНИЕ

Од 488-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на  29.05.2024 година

    1.Усвоени се:

  • Записникот од 483-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 01.04.2024 година;
  • Записникот од 484-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 18.04.2024 година;

2.Донесен е Деловник за изменување и дополнување на Деловникот за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија, во кои се имплементирани    препораки на ЕУ,  нотирани во Извештајот на Оценската мисија на ЕУ. Една од измените предвидена во Деловникот е образложување на одлуките од страна на членовите на Советот и во ситуација кога гласаат против избор на судија, како и индивидуализација на одлуките, објективни стандарди, конзистентност и компаративност на истите. Во насока на ажурно постапување, предвидени се  рокови за постапување во сите фази на постапката за утврдување на одговорност на судија или претседател на суд, а во насока на имплементирање на дадена препорака во Извештајот на Оценската мисија на ЕУ, предвидено е  вклучување на Здружението на судиите и организациите на граѓанското општество при расправа и усвојување на Годишниот извештај за работа на Судскиот совет;

   3.Донесен е Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на рангирање на кандидатите за избор на судија во повисок суд. Ова е активност која Судскиот совет ја превзема во смисла на имплементирање на една од препораките на ЕУ, нотирана и во Акцискиот план на Судскиот совет. Воедно  секоја дополнителна работа на судиите ќе биде земена во предвид при нивното оценување, а исто така и за временото упатување на судиите од еден во друг суд ќе бидат доделени бодови. Покрај овие измени извршено е и дополнување и прецизирање на одредбите од Правилникот, во насока на избор на судии во повисок  суд согласно нивните реални квалитативни резултати. Усвоениот Правилник ќе почне да се применува при распишување на нови  огласи за избор на судии, а тековните постапки ќе бидат спроведени според Правилникот од 04.02.2020 година.

4. Донесени се  одлуки со кои се  определени  ВД претседатели на Основен суд Радовиш и Основен суд Струмица, така што:

-За ВД претседател на Основен суд Радовиш е определена Лила Цветаноска, судија на Основен суд Радовиш и

-За ВД претседател на Основен суд Струмица е определен Емил Глигоров, судија на Основен суд Струмица;

5. Усвоени се извештаите за работата на судовите во Република Северна Македонија за првото тромесечие за 2024 година;

6. Донесени се одлуки за престанок на функцијата судија поротник и тоа:

- на Вокрим Демири- судија поротник на Основен суд Гостивар, по сопствено барање  и.

- на Зоран Захариев-судија поротник на Основен суд Кавадарци, поради навршени 60 години старост;

7. Разгледано е  барањето  на судија за признавање на право на надоместок за закупнина на стан, но по дискусијата точката е повлечена заради утврдување на дополнителни факти по однос на правото на надоместок за закупнина на стан;

8. Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија и тоа:

     УПП бр.08-146/24;

    УПП бр.08-121/24;

         УПП бр. 08-117/24, 139/24, 149/24, 165/24;

        УПП бр. 08-46/24, 52/24, 106/24, 125/24, 138/24;

       УПП бр. 08-24/24, 101/24, 116/24, 126/24, 133/24, 153/24;

       УПП бр. 08-343/23, 145/24, 155/24;

      УПП бр. 08-142/24 и

      УПП бр.08-405/23, 118/24, 128/24, 150/24, 168/24.

Претставките УПП бр. 08-65/24, 85/24, 124/24, 137/24 се повлечени за наредна седница поради отсуство на известителот- членот на Советот Лорета Горгиева, која е на боледување;

Воедно повлечени се и претставките УПП бр.08-166/24, 96/24 и 78/24  заради дополнителни извиди.

Од претставките по кои се расправаше на седницата, основана е претставката УПП бр. 08-142/24, по што ќе се превземе дејствие во насока на надминување на состојбата  наведена од подносителот;

9.Формирани се комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд за која точка јавноста беше исклучена согласно чл.39 став 2 од Законот за Судскиот совет на РСМ и

10. Донесена е Одлука за измена на одлука со која е формирана Комисија за избор на членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите заради направен превид, па така наместо „Јелена Кадриќ-Институт за човекови права-заменик член на Комисијата“, треба да стои „Јелена Ристиќ-адвокат од Скопје – заменик член на Комисијата“. Врз основа на оваа измена,  Комисијата  за избор на членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите е во следниот состав:

 

  • Субхи Јакупи, судија на Виш управен суд- претседател на Комсијата
  • Даниела Димовска, судија на  Основен кривичен суд Скопје - заменик претседател на Комисијата
  • Емилија Шопар-Јованова, судија на  Основен граѓански суд Скопје - член на Комисијата
  • Сузана Дончевска, судија на  Основен граѓански суд Скопје - заменик член на Комисијата,
  • Јелена Кадриќ – Институт за човекови права - член на Комисијата и
  • Јелена Ристиќ – адвокат од Скопје  – заменик член на Комисијата.

 

Снимката од одржаната седницата во живо може да се отвори на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=yaZhs13AjvI