СООПШТЕНИЕ од 518-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на 11.03.2025 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ од 518-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на 11.03.2025 година

Известувања, Настани, Новости  |  11.3.2025

СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на РСМ на 518-та седница одржана на  11.03.2025 година го измени и дополни дневниот ред и oдлучи за следното:

 

1. Усвоен е Записникот од 514-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 06.02.2025 година;

 

2. Донесе одлуки по поднесени изјави од судии за продолжување на судиската функција согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи и тоа за:

-Јелица Крстевска-судија на Врховниот суд на РСМ;

-Лулзим Салиу-судија на Управен суд;

-Марта Телегравчиска-судија на Управен суд;

-Агим Мислими-судија на АС Скопје;

-Весна Костова Спасеска-судија на Основен кривичен суд Скопје;

-Соња Кочовска-судија на Основен граѓански суд Скопје;

-Назиф Илијази -судија на Основен суд Тетово;

-Јордан Велковски -судија на Основен суд Тетово;

-Мирјанка Гоцевска Стефановска -судија на Апелационен суд Штип;

-Ацо Тасев -судија на Основен суд Штип;

-Верка Петковска -судија на Основен кривичен суд Скопје;

- Весна Петровска-Тагасовска -судија на Основен кривичен суд Скопје и

-Елизабета Дуковска -судија на Апелационен суд Скопје;

 

3.Ги разгледа и усвои извештаите за работата на судовите во Република Северна Македонија за четвртото тромесечие за 2024 година;

 

4. Расправаше и го усвои Предлог Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Судскиот совет на РСМ;

 

5. Констатираше престанок на ВД генерален секретар на Судскиот совет на РСМ и за генерален секретар на Судскиот совет на РСМ ја избра Јулијана Георгиевска -државен советник во Судскиот совет на РСМ;

 

6.Формирана е Работна група за констатирање на состојба во предмет во Апелационен суд Скопје, во состав од :

-м-р Антоанета Димовска-претседател на работната група (координатор за Апелационен суд Скопје);

-Ханиф Зендели -член на работната група и

-Данка Ристова-член на работната група;

 

7. По расправата по однос на потребата од објавување оглас за избор на судии во основните судови во Република Северна Македонија донесе Одлука за објавување на оглас за избор на судии во основните судови во Република Северна Македонија и тоа:

За избор на 1 (еден) судија на Основен суд Берово;

За избор на 2 (двајца) судии на Основен суд Велес;

За избор на 1 (еден) судија на Основен суд Виница;

За избор на 7 (седум) судии на Основен граѓански суд Скопје;

За избор на 9 (девет) судии на Основен кривичен суд Скопје;

За избор на 1 (еден) судија на Основен суд Делчево;

За избор на 1 (еден) судија на Основен суд Кавадарци;

За избор на 2 (двајца) судиии на Основен суд Кичево;

За избор на 2 (двајца) судија на Основен суд Кочани,

За избор на 1 (еден))судија на Основен суд Кратово;

За избор на 1 (еден) судија на Основен суд Крива Паланка;

За избор на 1 (еден) судија на Основен суд Неготино;

За избор на 1 (еден) судија на Основен суд Радовиш;

За избор на 1 (еден) судија на Основен суд Струмица;

За избор на 2 (двајца) судии на Основен суд Струга и

За избор на 2 (двајца) судии на Основен суд Штип.

 

-Формирана е Комисија за рангирање на кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители по оглас за избор на судии во погоре наведените основни судови во РСМ, во состав од:

 

-.Аритон Ала– претседател на Комисијата

-.Данка Ристова– член на Комисијата

-.Џенета Бектовиќ– член на Комисијата

-.м-р Миљазим Мустафа –член на Комисијата и

-.м-р Селим Адеми -член на Комисијата.

 

8.Одлучуваше по известување за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување на одговорност на судија и донесе одлука за продолжување на постапката;

-Воедно донесе и одлука за измена на одлука со која е формирана Комисија на известители;

 

9. Расправаше по два Извештаи за констатирана состојба по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и донесе две одлуки за запирање на постапката и

 

10.Формираше Комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.