Соопштение за 238-та седница на Судски буџетски совет - 21.11.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 238-та седница на Судски буџетски совет - 21.11.2024 година
Njoftim për opinionin
|
19 Nën 2024
СООПШТЕНИЕ
Судскиот буџетски совет на ден 21.11.2024 година (четврток) со почеток во 10:00 часот ќе ја одржи 238-та седница со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Допис од Министерство за правда бр.08-839/5 од 08.11.2024 година во врска со Предлог на Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за изгледот и условите под кои се носи судиската облека (тога);
- Одлука за обезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец ноември 2024 година, со предлог одлука;
- Одлука за измена и дополна на распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2024 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за буџетска сметка 603/637 со предлог одлука и Одлука за измена и дополна на распределба на средствата од Буџетот на судската власт за 2024 година по единки корисници од раздел 29010-Судска власт, програма 20-Судска администрација за сметка на сопствени приходи 631, со предлог одлука;
- Информација во врска со барања од судови за корекција на табела за распределба на дополнителни вработувања по основ на пензионирања во 2025 година;
- Информација за одобрување на плаќање за Femida опрема за аудио и аудио визуелно снимање за неколку судови;
- Барање од Судски совет на РСМ за одобрување на дополнителни средства за набавка на опрема за снимање и гласање во сала за седници;
- Информација за доставата на судски писмена во судовите;
- Барање од ОС Радовиш Су.бр.633/24 од 15.11.2024 година за вработување на сметководител на определено време;
- Барање за обезбедување поединечна согласност на Годишниот план за вработување на Управниот суд за 2024 година;
- Барање од дактилографки вработени во ОС Куманово;
- Разно.