Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија присуствуваше на Регионална конференција
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија присуствуваше на Регионална конференција
Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија
присуствуваше на Регионална конференција
Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева присуствуваше на Регионална конференција која се одржа на 26 и 27 септември 2024 година во Будва, Црна Гора како дел од регионалниот проект на ОБСЕ за набљудување на судски процеси за справување со организиран криминал и корупција во Западен Балкан.
Транспарентноста на правосудните акти и постапки, пречките во спроведување на реформите и казнените политики се темите на кои се разговараше и имаше презентации од страна учесниците на Конференцијата.
Регионалната конференција имаше за цел да им овозможи на претставниците од правосудниот систем на Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора меѓусебно да разговараат и да споделат искуства за структурни прашања, како и за прашања на политиките поврзани со гонење и одлучување во случаите на сериозен и сложен криминал и корупција, вклучувајќи ги и добрите практики.
Претседателката на Судскиот совет, Дамева истакна дека „Имплементацијата на препораките на меѓународната заедница, се единствена гаранција за успешен рефромски процес на државата“.