Средба на претседателката Дамева со амбасадорката на Хеленската Република [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Средба на претседателката Дамева со амбасадорката на Хеленската Република

Evenimente, Njoftim për opinionin  |  25 Tet 2024

Средба на претседателката Дамева

со амбасадорката на Хеленската Република

    

Претседателката на Судскиот совет на Република  Северна Македонија, Весна Дамева оствари средба со  амбасадорката на Хеленската Република, Софија Филипиду, на која присуствуваше и заменик амбасадорката,  Христина Василату.

Од страна на претседателката Дамева беше изразена  искрена благодарност за интересот и изразената желба на амасадорката да биде запозната со  состојбите, активностите и предизвиците со кои се соочува Судскиот совет и судството воопшто и ја истакна важноста на поддршката на Грција  во реформскиот процес на Република Северна Македонија, акцентирајќи ја истата во делот на судската власт.

Амбасадорката Филипиду ја истакна подготвеноста на Грција за продлабочување на соработката во делот на судската власт со цел успешен реформски процес и истакна дека  владеењето на правото е од суштинско значење за интеграција  на нашата земја во ЕУ.

На средбата беше изразена заедничката волја за воспоставуаање  на  потесна соработка, преку размена на искуства  во рамки на судската власт на двете земји.