Соопштение од 210-та седница на Судски буџетски совет - 02.10.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 210-та седница на Судски буџетски совет - 02.10.2023 година

Соопштенија за јавност  |  02.10.2023

 

  

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот буџетски совет (СБС) известува дека на 210-та седница одржана на ден 02.10.2023 година во рамките на своите законски надлежности согласно Законот за судски буџет, донесе повеќе заклучоци и усвои:

 

  1. Записник од 204-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 07.07.2023 година, Записник од 208-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 08.08.2023 година и Записник од 209-та седница на Судски буџетски совет одржана на ден 29.08.2023 година.
  2. Разгледа Барање од Основен кривичен суд Скопје 03 Су.бр.353/23 од 06.09.2023 година за додатоци на плата, и по опсежна дискусија усвои заклучок:

      Судски буџетски совет да се обрати до Министерството за финансии со барање да се применат законските одредби за исплата на додатоци на плата за судиите и за судските службеници за сите судови, имајќи ја во предвид состојбата во судството по одржаните протести и најавите за стапување во генерален штрајк на судската служба и повторно да се нагласи потребата од почитување на финансиската независност на судската власт;

  1. Донесе Одлука за необезбедување средства за исплата на додатоци на плата за месец септември 2023 година;
  2. Донесе  Одлука за усвојување на Измена и дополна на Годишна програма за капитални расходи од Буџет-Судска власт за 2023 година;
  3. Разгледа Барање од Управен суд Су-03.бр.0302-32/23 од 25.09.2023 година за резервација и пренесување на одобрени финансиски средства за спроведување на групна јавна набавка за надоградба на софвер за аудио и видео снимање на судски рочишта и испорака на системи за аудио-видео снимање на судски рочишта во наредна 2024 година, по што усвои заклучок:

          Барањето повторно да се разгледува на продолжение на седницата на Судски буџетски совет по претходно образложение-информација изготвена од стручната служба на СБС доставено до членовите на СБС за текот на постапката за измена на годишните програми за капитални расходи во однос на барањето на средства за Фемида системи;

  1. Разгледа Барање 03.Су.бр.367/23 од 20.09.2023 година од Основен кривичен суд Скопје за трансформација на работен однос од определено во неопределено време, по што усвои заклучок да се достави одговор во врска со барањето;
  2. Дискутираше за потребата за промена на Правилник за изгледот и условите под кои се носи судиската облека (тога) по што усвои заклучок: Судскиот буџетски совет да се обрати до Министерството за правда со предлог/иницијатива за измена на горенаведениот Правилник, согласно воочените недостатоци кај квалитетот на материјалот на тогите, конфекциските броеви на тоги кои се изработуваат и да се укаже на неопходната потреба од замена на старите тоги;
  3. Поради потребата од воедначување на постапување на судовите, усвои Одлука со која ги задолжи претседателите на судовите да склучат спогодби со припадниците на судската полиција за нивните барања за трошоци за хранарина, превоз и за бонус плата, само за последните три години сметајќи од 02.10.2023 година;
  4. Беше известено за ставот на Министерството за финансии  дека постапките за вработување согласно Планот за вработување за 2023 година ќе продолжат по донесувањето на Одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и фондовите, односно ќе се продолжи со издавање на поединечните согласности за обезбедени средства за започнување постапки за ново вработување со објава на јавен или интерен оглас.