Соопштение за 508-та седница на Судскиот совет на РСМ - 17.12.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 508-та седница на Судскиот совет на РСМ - 17.12.2024 година
Соопштенија за јавност
|
11.12.2024
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 17.12.2024 година (вторник) со почеток во 10:00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
За 508-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден 17.12.2024 година, со почеток во 10,00 часот
- Утврдување на престанок на судиска функција, поради исполнување на услови за старосна пензија;
- Констатирање на престанок на мандат на членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија од редот на судиите, поради истек на времето за кое се избрани;
- Донесување на Одлуки за престанок и избор на судии поротници;
- Разгледување на предлог Програма за работа на Судскиот совет на Република Северна Македонија;
- Разгледување на Извештај за вонредно оценување на кандидати за избор на претседатели на Апелационен суд Битола, Основен суд Гевгелија, Основен суд Кочани, Основен суд Струмица и Основен суд Кавадарци;
- Разгледување на Извештаи за проверка на навременост на пријавите и комплетност на документите по објавени огласи за избор на претседатели на Апелационен суд Гостивар, Основен суд Кратово и Основен суд Крушево;
- Разгледување на Извештај за констатирана состојба по извршена работна посета на Виш управен суд;
- Формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и
- Разно.