Соопштение од 506-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 506-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија

Evenimente, Risi, Njoftim për opinionin  |  27 Nën 2024

СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на РСМ на 506-та седница одржана на  27.11.2024 година го измени и дополни дневниот ред и одлучи за следното:

 

1. Усвоен е Записникот од 503-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 24.10.2024 годинa;

 

2. Донесе одлуки за престанок на судии поротници на Основен кривичен суд Скопje, така што:

-на Ќирил Арџелиев, Милијана Тодоровска, Соња Костовска, Благица Анѓеловска, Соња Самарска Смилевска, Љиљана Игњатовска, Петар Смилевски, Никос Томовски, Рајна Наумовска Марковска и Маргарита Ивановска, судии поротници на Основен кривичен суд Скопје, поради истек на мандатот и

-на Ирена Стојчевска, судија поротник на Основен кривичен суд Скопје, по сопствено барање;

 

3. Барањето на Анита Јорданова, судија на Основен суд Штип за надомест на трошоци се уважува и на судијата и се утврдува право на надомест на трошоци за превоз како судија којшто живее во една, а работи во друга општина, за периодот од06.11.2024 година, па во иднина се додека судијата ја извршува судиската функција во Основен судБерово, во висина на вистинските трошоци за превоз со превозно средство од јавен сообраќај, кое овозможува навремено пристигнување и заминување од работа, на релација Штип-Берово и обратно и

 

4. Разгледан и усвоен е Извештајот на Комисијата за спроведено вонредно оценување на судии/претседатели на судови –кандидати за членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија од редот на судиите:

1.Тони Делев, судија/претседател на Апелационен суд Штип –позитивна оцена;

2. Данка Ристова, судија на Апелационен суд Штип,-позитивна оцена;

3. Аритон Ала-судија на Апелационен суд Скопје-позитивна оцена;

4. Ацо Тасев, судија/претседател на Основен суд Штип-позитивна оцена;

5. Мери Гичева, судија на Основен суд Штип-позитивна оцена и

6. Невена Перица, судија на Основен суд Штип- позитивна оцена;

 

5. Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија и тоа:

 

УПП бр. 307/24, 318/24, 346/24, 358/24, 366/24

УПП бр. 232/24, 356/24, 376/24

УПП бр.295/24, 305/24, 315/24, 321/24, 327/24, 335/24, 392/24

УПП бр. 204/24, 282/24, 320/24, 372/24

УПП бр.273/24, 281/24, 311/24, 322/24, 333/24, 345/24, 370/24

УПП бр. 182/24, 206/24, 285/24, 319/24, 340/24, 352/24

     УПП бр. 361/24, 368/24, 379/24

УПП бр. 239/24, 312/24, 323/24, 342/24, 375/24, 385/24

УПП бр. 229/24, 351/24, 363/24, 386/24

УПП бр. 313/24, 324/24, 338/24, 350/24

УПП бр. 302/24, 348/24, 369/24

УПП бр. 160/24, 209/24, 287/24

 

Претставката под УПП бр.364/24 е повлечена за наредна седница

Претставките под УПП бр.160/24 и 312/24 се основани и

 

6. Расправаше по Извештај на Комисијата за констатирана состојба по поднесено барање  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и донесе одлука со која постапката се запира.

 

Седницата можете да ја проследите на следниот youtube линк: https://www.youtube.com/watch?v=FR2aAFvAwEU