СООПШТЕНИЕ од 517-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на 10.03.2025 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

СООПШТЕНИЕ од 517-та седница на Судскиот совет на РСМ одржана на 10.03.2025 година

Известувања, Настани, Новости  |  10.3.2025

СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на РСМ на 517-та седница одржана на  10.03.2025 година го измени дневниот ред и oдлучи за следното:

 

1. Усвоен е Записникот од 512-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 22.01.2025 година;

 

2. Согласно одредбите за избор на претседател на суд, начинот, условите и критериумите предвидени во Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Законот за судовите, Деловникот за работа на Судскиот совет на РСМ, како и Правилникот за начинот на формирање на Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседател на суд, како и начинот на работење на Комисијата, Советот гласаше по предлог листата на кандидати за избор на претседател на суд и изврши избор на претседатели на судови, така што:

-За претседател на Апелационен суд Битола избрана е Жаклина Доведен, судија на Апелационен суд Битола;

-За претседател на Основен суд Гевгелија избрана е Маја Аврамова, судија на Основен суд Гевгелија;

-За претседател на Основен суд Кавадарци избрана е Елизабета Петковска, судија на Основен суд Кавадараци и

-За претседател на Основен суд Кочани избран е Спиро Борисов, судија на Основен суд Кочани;

 

3. Усвоен е Извештајот на Комисијата за резултатите од проверка на знаењето на практична работа со компјутери;

 

4. По оглас за избор на судии на основни судови објавен во „Службен весник на РСМ“ бр.27/25 од 07.02.2025 година согласно одредбите за избор на судии во основните судови, начинот, условите и критериумите предвидени во Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Законот за судовите, Деловникот за работа на Судскиот совет на РСМ, како и Правилникот за начинот на рангирање на кандидатите за судии од Академијата за судии и јавни обвинители, Советот гласаше по ранг листата на кандидати за избор на судии и изврши избор на судии во основните судови, така што:

- За судии на Основен суд Битола избрани се: Марија Филиповска-Поповска, Стефан Гајдаровски, Гордана Николовска и Александра Средовска-Лазановски;

- За судија на Основен суд Велес избрана е Мила Цилакова;

- За судии на Основен суд Гевгелија избрани се: Ива Цоневска Вангелова и Марта Спасовска;

  • - За судии на Основен суд Гостивар избрани се: Полумбеша Сефери, Арлинда Адеми-Османи, Љеонора Јакупи, Кујтим Фетаи и Ален Садику;

- За судија на Основен суд Делчево избрана е Наташка Атанасовска;

- За судија на Основен суд Кавадарци избрана е Костадинка Крстевска- Петрова;

- За судија на Основен суд Кичево избран е Урим Јусуфи;

- За судија на Основен суд Кочани избран е Иван Стојанов;

- За судија на Основен суд Крива Паланка избрана е Даниела Младеновска- Митовска;

- За судии на Основен суд Куманово избрани се: Натали Колев -Бојковиќ, Бехар Амети, Арефат Весели и Арменд Мехмети;

- За судии на Основен суд Охрид избрани се: Елена Балевска и Илсен Салиеска Патилоска;

-За судии на Основен суд Прилеп избрани се: Филип Пашоски, Хари Караџоски, Петар Караѓулески и Јане Јаковоски;

-За судија на Основен суд Свети Николе избрана е Марина Мишева;

- За судија на Основен суд Струга избрана е Јасна Парталоска;

- За судии на Основен суд Струмица избрани се: Марија Маневска и Гордана Мачукова;

- За судии на Основен суд Тетово избрани се: Арлинда Османи, Емира Асани, Борче Костовски и Адмире Адеми;

- За судии на Основен суд Штип избрани се: Марија Михова и Дејана Дејановска;

  • - За судии на Основен граѓански суд Скопје избрани се: Маја Бошковска, Мартина Коцевска-Ролевска, Сања Анѓелеска, Ирина Нефтенова -Пешевска, Валмира Аџиреџа и Љира Бојко;

  • - За судии на Основен кривичен суд Скопје избрани се: Сања Лазова-Стојанова, Тереза Лазовска, Елизабета Постоловска, Маја Котевска, Билјана Шуплиновска-Јовевски и Санида Јашар;

 

5. Донесе Одлука за престанок на судиска функција на Васил Баткоски, судија на Апелационен суд Битола, поради исполнување на услови за старосна пензија;

 

6. Донесе Одлуки за определување на ВД претседатели на Врховен суд на Република Северна Македонија и на Основен суд Охрид, така што:

-За ВД Претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија се определува Џемали Саити-судија на Врховниот суд на Република Северна Македонија и

-За ВД Претседател на Основен суд Охрид се определува Бојан Мартиновски -судија на Основен суд Охрид;

 

7. За судија поротник на Основен кривичен суд Скопје избран е Енис Ајдини;

 

8. Расправаше по барање за патни трошоци од Билјана Белевска Пројковска, судија на Апелационен суд Битола и донесе одлука со која се усвојува барањето и на истата и се утврдува право на надомест на трошоци за превоз како судија којшто живее во една, а работи во друга општина, се додека судијата ја извршува судиската функција во Апелационен суд Битола, во висина на вистинските трошоци за превоз со превозно средство од јавен сообраќај, кое овозможува навремено пристигнување и заминување од работа, на релација Охрид-Битола и обратно;

 

9. Донесе одлука за запирање на постапката по поднесено барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и

 

10.Донесе Одлука за измена на одлука со која е формирана Комисија за проверка на исполнетост на условите и критериумите за избор на претседател на Врховен суд на РСМ, така што наместо „Весна Дамева-претседател на Комисијата„ да стои „м-р Тања Чачарова-Илиевска- претседател на Комисијата“.