Учество на Конференција „ Зајаканување на судската одговорност, независност и довербата на јавноста “ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Учество на Конференција „ Зајаканување на судската одговорност, независност и довербата на јавноста “

Известувања, Настани, Новости  |  22.11.2024

Учество на Конференција „ Зајакнување на судската одговорност,

независност и довербата на јавноста

 

Претседателката, Весна Дамева и членови на Судскиот совет на Република Северна Македонија учествуваа на Конференцијата на тема „Зајакнување на судската одговорност, независност и довербата на јавноста“ која се одржа на 19 и 20 ноември 2024 година, организирана од Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во рамки на соработката со CELLI Институтот и проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото во Република Северна Македонија“,

Целта на конференцијата беше да се одговори на предизвиците за способноста на судството во Република Северна Македонија да ги исполни стандардите на ЕУ и да изгради доверба во јавноста со фокусирање на одговорноста преку дисциплински мерки, етика, процеси на проверка и обезбедување на независност на судството.

Конференцијата беше отворена со поздравен говор од страна на директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски, а воведни обраќања имаа и претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, извршниот директор на CELLI Институтот, Роберт Стронг, претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми и заменик шеф на Мисијата на амбасадата на САД во Скопје, Никол Варнес.

Претседателката на Судскиот совет, Дамева во своето поздравно обраќање наведе дека „Денешната тема не е актуелна во моментов, таа е актуелна години наназад, децении наназад. Се поставува прашањето само до кога истата ќе биде актуелна и дали сме спремни да ја затвориме, да ставиме адакта на влијанијата, на поткопување на независноста на судството и да ја вратиме довербата кај граѓаните.

Поздравното обраќање може да го погледнете на следниот линк: Поздравно обраќање - панелист Весна Дамевa - Зајакнување на судската одговорност, независноста и довербата на јавноста

Дводневната конференција беше исполнета со панел дискусии, и разговори со голем број домашни и странски говорници од редот на судиите, јавните обвинители и други преставници од правосудниот сектор, меѓу кои зеде учество и Заменик претседателот на Судскиот совет, Ханиф Зендели.