Соопштение од 447-та седница на Судскиот совет на РСМ - 04.07.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 447-та седница на Судскиот совет на РСМ - 04.07.2023 година

Соопштенија за јавност  |  04.7.2023

 

СООПШТЕНИЕ

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 447-та седница одржана на ден 04.07.2023 година го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното:

 

  1. Усвоени се 2 (два) записници од Комисии за проверка на навременост на пријавите и комплетност на документите на кандидатите по огласи за избор на судии од кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители;
     
  2. Усвоен е извештај од работна посета од Основен суд Кавадарци;
     
  3. Расправаше по извештаи за констатирана фактичка состојба по поднесени барања за поведување постапка за утврдување  одговорност на судија/претседател на суд:
  • По едно барање за судија на апелационен суд изречена му е дисциплинска мерка намалување на платата од 15% од месечната плата на судија во траење од 3 месеци;
  • По едно барање за  судија на основен суд му е изречена дисциплинска мерка-писмена опомена;
  • По едно барање за судија, во својство на претседател на апелационен суд, постапката се запира;
  1. Точката за Формирање на Комисии по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд е одложена за наредна седница по барање на член на Советот;
     
  2. По известувања од членови на  Комисии на известители по поднесени барања за одговорност на судии/претседатели на судови, по едно известување членот на Советот е изземен, додека по другото известување членот на Советот не е изземен.