Соопштение за 498-та седница на Судскиот совет на РСМ - 10.09.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 498-та седница на Судскиот совет на РСМ - 10.09.2024 година
Соопштенија за јавност
|
05.9.2024
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 10.09.2024 година (вторник) со почеток во 14:00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот Дневен ред:
- Утврдување на престанок на судиска функција, поради исполнување на услови за старосна пензија;
- Констатирање на престанок на мандат на член на Судскиот совет на РСМ поради истек на времето за кое е избран;
- Одлучување по известувања на Комисии за утврдена фактичка состојба по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд;
- Формирање на комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд.