Одржан втор состанок на Управниот одбор на проектот „ Поддршка на ЕУ за владеење на правото“
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Одржан втор состанок на Управниот одбор на проектот „ Поддршка на ЕУ за владеење на правото“
Соопштенија за јавност
|
21.3.2024
Одржан втор состанок на Управниот одбор
на проектот „ Поддршка на ЕУ за владеење на правото“
Претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева учествуваше на вториот состанок на Управниот одбор на проектот „ Поддршка на ЕУ за владеење на правото“ на кој се презентираше и се усвои првиот наративен извештај.
Во Извештајот инкорпорирани се досегашните проектни активности за сите компоненти, меѓу кои и компонента 1, преку која Судскиот совет изминатиот период имаше одредени активности, а истите ќе следуваат и во наредниот период, со цел подобрување на капацитетите во работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија.