Претседател на Судски Совет на РСМ [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Претседател на Судски Совет на РСМ

Со работата на Советот раководи претседател.

Претседателот на Советот има заменик, кој го заменува во негово отсуство.
Претседателот на Советот и неговиот заменик се избираат од редот на членовите на Советот со право на глас, кои се избрани од страна на Собранието на Република Северна Македонија.
Претседателот на Советот и неговиот заменик се избираат со најмалку осум гласови од членовите со право на глас.
Мандатот на претседателот на Советот и на заменикот претседател на Советот трае две години без право на повторен избор.

Претседателот на Советот:

  • го претставува Советот,
  • претседава и раководи со седниците,
  • учествува во работата и во одлучувањето на Советот,
  • ги потпишува одлуките, предлозите, решенијата и другите акти на Советот и се грижи за нивно извршување и
  • се грижи за спроведување на Деловникот на Советот и врши и други работи определени со закон и Деловникот.

 

 м-р Александар Камбовски

 м-р Александар Камбовски

Име и презиме :
м-р Александар Камбовски
Година на избор:
03.01.2025
Област на која работи судијата:

Образование:

1998 - 2003 Универзитет Св Кирил и Методиј, Правен факултет Јустинијан Први
2011 Универзитет Св Климент Охридски Економски факултет Магистерски студии Бизнис администрација МБА
2010 Академија за судии и јавни обвинители
2011 аплицирана докторска дисертација на Универзитет Св Кирил и Методиј, Правен факултет Јустинијан Први

Работно искуство:

2003-2005 Основен суд Битола
2005-2007 Правник во приватна компанија
2006-2010 Надворешен соработник на Адвокатска канцеларија Скопје
2007-2010 Адвокат
2010-2017 Судија Основен Суд Битола
2017 – Апелационен суд Битола
2017 – Предавач на Академија за судии и јавни обвинители
2024 – Член на Судски совет

На 03.01.2025 година е избран за Претседател на Судски совет на Република Северна Македонија

 

Статусна позиција:
Претседател на Судски совет на Република Македонија

 

Прва<1>Последна