Соопштение за 490-та седница на Судскиот совет на РСМ - 10.06.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение за 490-та седница на Судскиот совет на РСМ - 10.06.2024 година

Соопштенија за јавност  |  04.6.2024

 

 

СООПШТЕНИЕ 

 

Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 10.06.2024 година (понеделник ) со почеток во 9,30 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

За 490-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден  10.06.2024 година, со почеток во 9,30 часот 

  1. Разгледување и усвојување на Комуникациската стратегија на Судскиот совет на Република Северна Македонија и судовите на Република Северна Македонија ( 2024-2028) со Акционен план,
  2. Донесување на одлуки за престанок на судии поротници на Основен кривичен суд Скопје и за избор на судии поротници во Основен кривичен суд Скопје,
  3. Донесување на Одлука   по барање за мирување на судиската функција,
  4. Донесување на одлуки  по барања на судии за надомест на закупнина,
  5. Разгледување и усвојување на Извештај на Комисијата за рангирање на кандидатите за избор на 2 (двајца) судии во Апелационен суд Гостивар, за грѓанска област,
  6. Одлучување по Известување oд Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија,
  7. Формирање на комисии на известители по поднесените барања за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и
  8. Разно.