Соопштение од 474 итна седница на Судски совет на РСМ - 18.01.2024 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение од 474 итна седница на Судски совет на РСМ - 18.01.2024 година
Соопштенија за јавност
|
18.1.2024
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 474-та итна седница одржана на ден 18.01.2024 година одлучи за следното:
Судијата на Апелациониот суд Скопје, Александра Ристеска времено е упатена за вршење на судиската функција во Основниот кривичен суд Скопје сметано од 18.01.2024 година се до завршување на рочиштето за објавување на пресудата по предметот К.бр.1407/19 на Основен кривичен суд Скопје, познат во јавноста како Ласкарци.