Амбасадорот Гир и претседателката Дамева се согласија за важноста на независноста во работењето на Судскиот совет [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Амбасадорот Гир и претседателката Дамева се согласија за важноста на независноста во работењето на Судскиот совет

Соопштенија за јавност  |  16.1.2024

 

Амбасадорот  Гир и  претседателката Дамева се согласија за важноста на независноста во работењето на Судскиот совет

 

Амбасадор Дејвид Гир, Шеф на Делегацијата на Европската Унија денес се сретна со претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева. На остварената средба, амбасадорот ја поздрави одлуката на Управниот суд и даде поддршка  во понатамошното постапување на претседателката Весна Дамева, како и во идните активности и заложби  на Судскиот совет, со цел да се обезбеди владеење на правото и враќање на довербата на граѓаните.

 

Амбасадорот Гир посебно се осврна на препораките на ЕК, потенцирајќи дека 17 од 40-те препораки  содржани во Извештајот на Оценската мисија на ЕК, можат веднаш да се спроведат, бидејќи се краткорочни, не бараат уставни и законски измени, и зависат од самиот Судски совет.

 

Претседателката Дамева, го информираше  Амбасадорот дека уште во текот на наредната недела ќе се одржи работилница финансирана во рамките на ИПА проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, на која ќе се разгледуваат и донесат заклучоци за секоја од препораките на Оценската мисија.

 

Амбасадорот Гир  изрази надеж дека Судскиот совет  ќе пристапи и кон реализација на активностите содржани во новата Стратегија за правосудството, кои во значаен дел се однесуваат и на натамошното функционирање на Судскиот совет.

 

 

                                                                               Кабинет на претседателот
на Судскиот совет
на  Република Северна Македонија