С О О П Ш Т Е Н И Е
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
С О О П Ш Т Е Н И Е
С О О П Ш Т Е Н И Е
Комисијата за спроведување на избори на членови на Судскиот совет на РСМ ја известува јавноста и медиумите дека во текот на вчерашниот ден (04.09.2024 година) се спроведоа избор за член на Судскиот совет на РСМ, и тоа од редот на судиите припадници на заедниците кои се помалку од 20% од населението на Република Северна Македонија.
Согласно одредбите од Закон за Судски совет на РСМ во законски предвидниот рок немаше доставено приговори.
За член на Судски совет на РСМ од редот на судиите од единствена посебна листа од припадниците на заедниците кои се помалку од 20% од населението на Република Северна Македонија е избрана Џенета Бектовиќ, судија на Основен кривичен суд Скопје.
На следниот линк може да се најде целосната снимка од сумирањето на резултатите.
https://www.youtube.com/live/PRgIv5I8Ch4
КОМИСИЈА
за спроведување на избори на
членови Судскиот совет на РСМ
од редот на судиите
Претседател,
Емилија Шопар Јованова
Член
Даниела Алексовска-Стојановска
Член
Јелена Кадриќ