Претседателката Весна Дамева оствари работна посета со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Претседателката Весна Дамева оствари работна посета со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

Соопштенија за јавност  |  27.2.2024

 

 

 

Претседателката  Весна Дамева оствари работна посета  со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал

 

Претседателката на Судскиот совет на Република  Северна Македонија, Весна Дамева денес се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал,  на која  се разговараше за актуелните прашања во судството, со особен акцент на состојбите  и предизвиците со кои се соочува Судскиот совет.

Претседателката Дамева изрази искрена благодарност за заложбите и активностите на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, кои се од суштинско значење за обезбедување на владеење на правото и зголемување на довербата во јавноста.

На средбата, амбасадорот Вал беше информиран за активностите на Судскиот совет за спроведување  на препораките содржани во Извештајот на Оценската мисија на ЕУ, како и за потребата за соработка  со експерти за измена и дополнување на Програмата и Акцискиот план   за превенција и следење на корупцијата во судството 2022-2025  и воспоставување на меѓународна соработка.

Во таа смисла, на средбата беше потенцирано дека соработката помеѓу Судскиот совет на Република Северна Македонија и Мисијата на ОБСЕ  и во иднина ќе продолжи  преку реализација на проекти кои се од значење на Судскиот совет и судството во целина

 

                                                                     Кабинет на претседателката

                                              на Судскиот совет на Република Северна Македонија