Соопштение од 481-та седница на Судскиот совет на РСМ - 13.03.2024 и продолжение на 20.03.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 481-та седница на Судскиот совет на РСМ - 13.03.2024 и продолжение на 20.03.2024 година

Соопштенија за јавност  |  20.3.2024

                         
                                           

СООПШТЕНИЕ
 

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 481-та седница одржана на ден 13.03.2024 година и продолжението на 20.03.2024 година го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното:

 

1.Усвоени се:

- Записник од 477-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 12.02.2024 година;

- Записник од 478-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 13.02.2024 година;

 

2. Донесени се одлуки за престанок на судиска функција на судии поради исполнување на услови за старосна пензија и тоа на следните судии:

- Дрита Мемети – на Управен суд на 13.03.2024 година и

- Јане Тапанџиоски - судија на Основен кривичен суд Скопје на 13.03.2024 година;

- Ѓорѓи Радојков - судија на Апелационен суд Скопје на 20.03.2024 година;

 

 

3. Утврден е престанок на функцијата судија поротник на Основен суд Кавадраци на 16 (шестнаесет) судии поротници, поради истек на мандатот на 16.03.2024 година;

 

4. Донесена е одлука со која формираната Комисија во состав од м-р Антоанета Димовска, Лорета Горгиева и м-р Миљазим Мустафа се задолжува да  изготви проекција за бројот на слободните судиски места кои треба да се пополнат, за X-та (десетатта) генерација на слушатели во Академијата за судии и јавни обвинители;

 

5. По приговорот од Мери Радевска од Битола, поранешен член на Судскиот совет на РСМ донесена е одлука со која приговорот изјавен против решенијата на Судскиот совет на Република Северна Македонија се отфрла како недозволен бидејќи правото на жалба или друг вид на правна заштита против вака донесените одлуки, како загарантирано уставно право, законодавецот ниту во Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија,  ниту во Законот за судовите не го уредил, а во конкретниот случај правото на приговор против вака донесените одлуки воопшто не е предвидено;

 

6. По преиспитување на заклучоците со кои се ставаат во мирување постапките во врска со одлуката за распишување на претседателски и парламентарни избори, до денот на завршување на претседателските и парламентарни избори, донесени се заклучоци со кои истите не се ставаат вон сила, но по предлог за преиспитување на содржината, односно измена на содржината на донесените заклучоци, Судскиот совет на РСМ ги донесе следните заклучоци:

-Постапките за избор на претседател на суд/судија и тоа: објавување на оглас, спроведување на интервју и избор на претседател на суд/судија по веќе завршените постапки, од денот на донесување на одлуката за распишување на претседателски и парламентарни избори до денот на завршување на претседателските и парламентарни избори, се ставаат во мирување, освен во итни и неодложни работи и

-Постапките за утврдување на одговорност на претседател на суд/судија се ставаат во мирување по донесена одлука на Судскиот совет по однос на известување на Комисија на известители за утврдена фактичка состојба, од денот на донесување на одлуката за запирање или продолжување на постапката, од денот на донесување на одлуката за распишување на претседателски и парламентарни избори до денот на завршување на претседателските и парламентарни избори,  освен во итни и неодложни работи;

 

       7.  Во врска со разгледување на прашањето  за начинот на постапување на Советот по донесување на Одлуката  на Собранието на РСМ за распишување на претседателски и парламентарни избори, а по објавен оглас за избор на членови на Судскиот совет на РСМ, донесен е следниот заклучок:

- Постапката за избор на членови на  Судскиот совет на РСМ од редот на судиите на Врховниот суд на РСМ и од апелационо подрачје Битола по објавен оглас за избор на членови –„Сл.весник на РСМ“ бр.28/24 од 07.02.2024 година, од денот на донесување на одлуката за распишување на претседателски и парламентарни избори до денот на завршување на изборите, да продолжи;

 

8. Формирани се Комисии на известители по поднесени барања за утврдување одговорност на судија/претседател на суд и

 

9. Во врска со спроведување на тестирањето (психолошки тест и тест за интегритет), како и изработка на стручно мислење од спроведеното тестирање за потребите на Судскиот совет на Република Северна Македонија за избор на судија/претседател на суд, донесен е заклучок да продолжи соработката со Виста груп ДООЕЛ Скопје и Институт за социолошки и политичко правни истражувања – Скопје, се до надминување на проблемот со трајно решение, за што се превземени дејствија од страна Судскиот совет на РСМ.