Соопштение од 455-та седница на Судскиот совет на РСМ - 26.09.2023 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 455-та седница на Судскиот совет на РСМ - 26.09.2023 година

Соопштенија за јавност  |  27.9.2023

 

 

 

 

СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 455-та седница одржана на ден 26.09.2023 година одлучи за следното:

1. Усвоени се записници од:

- 443-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 30.05.2023 година и продолжение од 05.06.2023 година;

- 446-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 29.06.2023 година;

- 450-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 25.07.2023 година и

- 451-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 27.07.2023 година;

2. По оглас за избор на судии објавен во „Сл.весник на РСМ“ бр.168/23 од 08.08.2023 година избрани се следните судии:

- за Основен граѓански суд:  Ирена Митреска,  Драгана Илиовска и Сања Томиќ Велкоски, кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители;

- за Основен кривичен суд: Лиљана Миланова, Влатко Сековски и  Надица Митревска, кандидати од Академијата за судии и јавни обвинители;

3. Утврден е престанок на функцијата судија поротник на Основен граѓански суд на Драгана Трајчевска и Каролина Мијакоска, по сопствено барање и од Основен кривичен суд Скопје на Елизабета Митковска, по сопствено барање;

4. Донесена е одлука за патни трошоци, по барање на судија;

5. Разгледана е и усвоена анализата на  потребни судиски места во Врховен суд на РСМ, Виш управен суд, Апелационен суд Скопје, Апелационен суд Битола, Апелационен суд Гостивар и  Апелационен суд Штип;

6. Донесена е Одлука за објавување Оглас за избор на 2 (двајца) судии на Апелационен суд Штип за граѓанска област;

7. Разгледан е и усвоен Извештајот од работна посета на Апелационен суд Гостивар;

8. Донесена е Одлука за објавување на оглас за избор на претседатели на Виш управен суд,  Основен суд Берово, Основен суд Делчево и  Основен суд Крушево;

9. Утврден е престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија на судија  Седат Реџепагиќ од Основен кривичен суд Скопје;

10.Формирани се Комисии на известители по поднесени барања  за утврдување одговорност на судија/претседател на суд;

11.Номинирани се членови на Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители од редот на судиите: Ивица Николовски – член и Антоанета Димовска – заменик член;

- по барање на Академијата за судии и јавни обвинители, согласно членот 19 од Законот за Академија и јавни обвинители ( Сл. Весник на РСМ бр.129/23) даден е предлог од Судскиот совет до Управниот Одбор на Академијата за судии и јавни обвинители за повлекување на 2 членови и нивни заменици-членови на Комисијата за приемен испит и Комисијата за завршен испит;

12. Судија на Основен суд Крива Паланка, Благица Ѓошевска времено се упатува во Основен Граѓански суд за период од една година.