Соопштение за 384-та седница на Судски совет на РСМ - 13.10.2021 година
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 384-та седница на Судски совет на РСМ - 13.10.2021 година
Соопштенија за јавност
|
07.10.2021
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 13.10.2021 година (среда) со почеток во 10,30 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
За 384-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден 13.10.2021 година, со почеток во 10,30 часот
- Усвојување на:
- Записник од 375-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 07.06.2021 година.
- Донесување на Одлука за престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија.
- Донесување на одлуки за престанок на судии поротници на Основен кривичен суд Скопје и Основен суд Гостивар.
- Донесување на одлуки за продолжување на мандатот на судиите кои поднеле изјави за продолжување на мандатот.
- Разно.