Соопштение од 449-та итна седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 449-та итна седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија

Соопштенија за јавност  |  10.7.2023

 

 

 

СООПШТЕНИЕ

Судскиот совет на Република Северна Македонија известува дека на 449-та итна седница одржана на ден 10.07.2023 година го измени и дополни Дневниот ред и одлучи за следното:

 

  1. Донесена е Одлука за измена на Одлука за формирана Комисија за спроведување на избор на членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите, така што  член на Комисијата е Оливер Гашев - адвокат од Велес, а заменик член на Комисијата е Жана Кузмановска-адвокат од Скопје;
  2. Донесена е Одлука за заклучување на Судскиот изборен именик за избор на членови на Судскиот совет на РСМ од Врховниот суд на РСМ и од апелационо подрачје Скопје и управните судови;
  3. Усвоени се извештаите за работата на судовите во РСМ за првиот квартал за 2023 година;
  4. Формирана е Комисија за проверка на знаењето на практична работа со компјутери;
  5. Утврден е престанок на функцијата судија поротник на Апелациониот суд Штип на Кристијан Јованов, по сопствено барање.