Соопштение за 450-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Соопштение за 450-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија
Соопштенија за јавност
|
20.7.2023
СООПШТЕНИЕ
Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе одржи седница на ден 25.07.2023 година (вторник) со почеток во 10,00 часот во салата на Судскиот совет на Република Северна Македонија со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
За 450-та седница на Судскиот совет на РСМ за ден 25.07.2023 година, со почеток во 10,00 часот
- Утврдување на престанок на судиска функција поради исполнување на услови за старосна пензија;
- Разгледување на Извештај за резултатите од проверка на знаењето на практична работа со компјутери;
- Избор на судии на Основен суд Битола, Основен суд Свети Николе, Основен суд Струмица и Основен суд Тетово по оглас објавен во Сл.весник на РСМ бр.73/23 и избор на судии на Основен суд Битола, Основен граѓански суд Скопје, Основен кривичен суд Скопје и Основен суд Струмица по оглас објавен во Сл.весник на РСМ бр.112/23;
- Одлучување по известување oд Комисија за утврдена фактичка состојба по поднесено барање за утврдување одговорност на судија;
- Разно.