Средба на американската амбасадорка Агелер со претседателката Дамева
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Средба на американската амбасадорка Агелер со претседателката Дамева
Амбасадорка Анџела Прајс Агелер денес се сретна со претседателката на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева.
На средбата се разговараше за состојбите и предизвиците со кои се соочува Судскиот совет и судството, како и за мерките и активностите кои ги презема Судскиот совет.
Амбасадорката Агелер посебно ја истакна потребата за борбата со корупцијата, независното, ажурното и непристрасното одлучување на Судскиот совет и судовите, а со цел обезбедување на владеење на правото и даде силна поддршка на Судскиот совет, во остварувањето на своите функции согласно со Уставот и законите, во насока на обезбедување и гарантирање на самостојноста и независноста на судската власт.
Претседателката Дамева изрази благодарност за континуираната соработка, нагласувајќи дека особено ја цени поддршката од САД и ја информираше амбасадороката дека е одржана работилница на која се разгледани и донесени заклучоци за секоја од препораките на Оценската мисија и дека Судскиот совет ќе започне со реализација на заклучоците.
Кабинет на претседателот на
Судскиот совет на Република Северна Македонија