Судскиот совет на РСМ започна со активности во врска со имплементација на препораките од Извештајот на Оценската мисија на ЕУ
ActionsВести
- Почетна
- >
- Вести
Судскиот совет на РСМ започна со активности во врска со имплементација на препораките од Извештајот на Оценската мисија на ЕУ
Судскиот совет на Република Северна Македонија започна со активности
во врска со имплементација на препораките од Извештајот
на Оценската мисија на ЕУ
Судскиот совет на Република Северна Македонија со експертите од проектот Поддршка на ЕУ за владеење на правото, финансиран од ЕУ, предводени од тим лидерот на проектот г-дин Дитер Шиндлауер и лидерот на компонента - Поддршка на ЕУ за владеење на правото г-дин Гжегож Борковски, во периодот од 22-24 јануари одржува Работилница за Извештајот на Оценската мисија на Европската Унија за функционирање на Судскиот совет на Република Северна Македонија, со цел имплементација на препораките содржани во извештајот.
По завршување на работилницата, Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе информира за усвоените заклучоци и понатамошните чекори.