Соопштение од 485-та седница на Судскиот совет на РСМ - 29.04.2024 година [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="categories" start="
  • " end="
"] [Property context="current" type="content" htmlencode="false" separator="</li><li>" field="keywords" start="
  • " end="
"]

Вести

%%
%%

Соопштение од 485-та седница на Судскиот совет на РСМ - 29.04.2024 година

Соопштенија за јавност  |  29.4.2024

 

СООПШТЕНИЕ  

од 485-та седница на Судскиот совет на РСМ

 

Судскиот совет на РСМ на 485-та седница одржана на ден 29.04.2024 година го измени дневниот ред и одлучи за следното:

 

  1. Усвоени се:
  • Записник од 481-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од 13.03.2024 година и продолжение од 20.03.2024 година и
     
  • Записник од 482-та седница на Судскиот совет на Република Северна Македонија од  27.03.2024 година;

 

  1. Формирана е Комисија за  измена и дополнување на процедурите за работа на Судскиот совет на РСМ во насока на ажурно постапување, во следниот состав:
  • Мирсад Суроји-член на Судскиот совет на РСМ;
  • м-р Миљазим Мустафа-член на Судскиот совет на РСМ;
  • Лорета Горгиева-член на Судскиот совет на РСМ;
  • Весна Толева-ВД генерален секретар на Судскиот совет на РСМ и
  • Анита Андоноска-државен советник во Судскиот совет на РСМ.
  1. Расправаше по претставките и поплаките од граѓаните и правните лица за работата на судиите, претседателите на судовите и судовите, поднесени до Судскиот совет на Република Северна Македонија и донесе одлука дека претставките се неосновани, и тоа:
  • УПП бр. 08-94/24, 104/24, 113/24, 123/24, 136/24;
  • УПП бр. 08-72/24, 82/24, 92/24, 102/24, 109/24, 134/24, 144;
  • УПП бр. 08-75/24, 95/24, 105/24, 110/24;
  • УПП бр. 08-67/24, 77/24, 97/24, 107/24;
  • УПП бр. 08-19/24, 86/24;
  • УПП бр. 08-28/24, 39/24, 61/24, 71/24, 81/24, 91/24;
  • УПП бр. 08-93/24, 103/24, 122/24;
  • УПП бр. 08-5/24, 100/24, 114/24, 120/24;
  • УПП бр. 08-89/24, 111/24, 129/24, 141/24;
  • УПП бр. 08-25/24, 98/24, 108/24 и
  • УПП бр. 08-354/23;

     Претставките УПП бр.08-52/24 и УПП бр.08-76/24 се повлечени од известителот бидејќи по претставката  УПП бр.08-52/24 е потребно да се направат дополнителни извиди по однос на причините за времетраење на изготвување и верификација на одлуката од страна на судијата, додека по претставката УПП бр.08-76/24 е потребно да се направат дополнителни извиди по однос на тоа дали подносителот согласно законот бил должен  да ја плати судската такса со поднесокот со кој ја иницирал постапката;

  1. Расправаше по Известување за итност и неодложност на постапка по Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд и со оглед да предлогот постапката да продолжи како итна и неодложна не доби потребен број на гласови, донесе заклучок со кој постапката  за утврдување одговорност на судија по поднесено барање за утврдување на одговорност на судија да не продолжи како итна и неодложна;
  1. Во врска со одлучување по Известување за утврдена фактичка состојба по поднесено Барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд расправаше и по предлог од член на Советот одлучувањето го одложи за наредна седница;
  1. Формирани се комисии на известители по поднесени барања за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд .

Втората точка од дневниот ред -Утврдување на кандидатски листи по објавен оглас за избор на членови на Судскиот совет на РСМ од редот на судиите и тоа: 1 (еден) член од редот на судиите од Врховниот суд на РСМ и 1 (еден) член од редот на судиите од апелационо подрачје Битола по предлог на член на Советот е одложена за наредна седница од причина што сеуште не е формирана Комисија за спроведување на избори на членови на Советот од редот на судиите, а согласно чл.13 став 6 од Законот за Судскиот совет на РСМ каде е предвидено дека утврдените кандидатски листи Советот ги доставува до Комисијата за спроведување на избори за членови на Советот од редот на судиите, а воедно е одложена и третата точка од дневниот ред - Разгледување на Извештај на Комисијата за рангирање на кандидати за избор на судии на Врховен суд на РСМ по предлог на член на Советот и истата ќе се разгледа на наредна седница.